24/04/2026
Драги наши Македонци,
Саботата на 9-ти Мај сите патишта водат кон Триер. Ќе има вистински настан за уживање, во организација на црковната општина Свети Павле од Триер.
Избрана е уникатна сала во барокен стил за максимално уживање.
Ќе настапат: Марјан Коцев, КУД Македонија од Уна и тн.
Админ тимот на Македонци во Германија е партнер на настанот со цел да имаме македонска вечер во Германија каква што секогаш сме посакувале.
Резервирајте си карти на време, бидејќи половината карти веќе се распродадени без никаква официјална промоција на настанот.
Наш совет: дојдете си саботата порано, разгледајте го градот (Триер е најстариот град во Германија со прекрасна архитектура и историја), евентуално посетете го Луксембург (кој е на само 15 минути од Триер) и вечерта бидете дел од најубавата и најголемата македонска вечер во Германија.
➡️ВАЖНО:
Доколку има барем 40 заинтересирани од некое место, може да обезбедиме автобус кој би чинел симболична реална сума (отприлика 20 евра повратна карта до Триер и назад)
Детали имате на флаерот👇
Се гледаме 👌🏽❤️🇲🇰🇩🇪🇲🇰❤️