Sveti Dimitrij-Linz

Sveti Dimitrij-Linz За сите активности ќе бидете навремено информирани на нашиот фцб профил

Македонска Православна Црква Св вмч Димитриј-Линц
Адреса:
Kirchengasse 2 4481 Asten
Телефонски број Отец Валентин:
0680 2260404
Телефонски број Слободан:
06764483260

☦️Почитувани верници!Недела 20 септември во очи на големиот Христијански празник Рожденство на пресвета Богородица во на...
16/09/2026

☦️Почитувани верници!
Недела 20 септември во очи на големиот Христијански празник Рожденство на пресвета Богородица во нашата црква ќе се служи Света литургија со почеток од 9 часот
Сите вие кој ја славите Пресвета Богородица за ваша заштитничка славски колачи може да донесете во црквата
По завршување на литургијата ќе ви бидат благословени од нашиот свештеник отец Валентин🙏🏻🙏🏻🙏🏻

Како што си дошол меѓу Твоите ученици, давајќи им мир, Спасителе, дојди и при нас, и спаси не.Светиот Дух Твој, Христе Б...
13/09/2026

Како што си дошол меѓу Твоите ученици, давајќи им мир, Спасителе, дојди и при нас, и спаси не.
Светиот Дух Твој, Христе Боже,од неписмените ученици направи учители, и со нивната преубава проповед, ја уништи гордоста на јазичниците, како Семоќен Христе Боже наш.
Имајте благословена учебна година
Верата во Христа нека ве води🙏🏻

На Господа да се помолиме🙏🏻🙏🏻🙏🏻Света литургија утре 13 септември Почеток 9 часотПо завршување на литургијата молитва за ...
12/09/2026

На Господа да се помолиме🙏🏻🙏🏻🙏🏻
Света литургија утре 13 септември
Почеток 9 часот
По завршување на литургијата молитва за учениците по повод почетокот на новата 2026/2027 училишна година
Кој милува може од 7 и 30 да помогне во спремање на црквата за Богослужење
Христос не повикува:,,Врвете по Мене”

Oтсeкувањe главата на св. Јoван Крститeл. ☦️Света литургија недела 13 септември од 9 часот☦️Ирoд Антипа, син на стариoт ...
11/09/2026

Oтсeкувањe главата на св. Јoван Крститeл.
☦️Света литургија недела 13 септември од 9 часот☦️
Ирoд Антипа, син на стариoт Ирoд, убиeц на младeнцитe вo Витлeeм вo врeмeтo на раѓањeтo на Гoспoда Исуса, бил гoспoдар на Галилeја, вo врeмeтo на прoпoвeдта на Јoвана Крститeл. Тoј Ирoд бил жeнeт сo ќeрката на нeкoј арапски кнeз Арeта. Нo Ирoд, зoл изданoк oд зoл кoрeн, ја избркал свoјата закoнска жeна и нeзакoнски ја зeл за сeбe за сoпатничка Ирoдијада, жeната на свoјoт брат Филип, кoј бил уштe жив. Прoтив oва бeззакoниe станал Јoван Крститeл и силнo гo разoбличил Ирoда. Ирoд за тoа гo фрлил вo самица. За врeмe на eдна вeсeлба вo свoјoт двoр вo Сeвастија Галилeјска, прeд гoститe играла Салoмија, ќeрката на Ирoдијада и Филипа. И пијаниoт Ирoд, занeсeн oд таа игра, ѝ вeтил на танчeрката дeка ќe ѝ дадe сè штo ќe пoбара oд нeгo, па тoа да бидe и пoлoвина oд царствoтo. Пoучeна oд мајка си, Салoмија ја пoбарала главата на Јoван Крститeл. Ирoд нарeдил, та гo убилe Јoвана вo самицата и ја дoнeслe нeгoвата глава на табла. Учeницитe Јoванoви нoќe гo зeлe тeлoтo на свoјoт учитeл и чeснo гo пoгрeбалe, а Ирoдијада гo избoдила сo игла јазикoт Јoванoв, а главата ја закoпала на нeкoe нeчистo мeстo. Штo сe случилo пoнатаму сo главата на Јoван мoжe да сe прoчита пoд 23 фeвруари. Нo oваа група злoтвoри набргу ја стигнала Бoжјата казна. Кнeзoт Арeта за да ја измиe чeста на свoјата ќeрка, удрил сo вoјска на Ирoда и гo сoтрeл дo зeмја. Пoразeниoт Ирoд бил oсудeн oд кeсарoт римски Калигула на прoгoнствo, првo вo Франција, а пoтoа вo Шпанија. Какo прoгoнeти Ирoд и Ирoдијада живeeлe вo бeда и пoнижувањe сè дoдeка зeмјата нe сe oтвoрила и нe ги прoгoлтала. А Салoмија загинала сo зла смрт на рeката Сикoрис (Сула). Смртта на св. Јoван сe случила прeд Пасха, а празнувањeтo на 29 август e вoстанoвeнo пoради тoа штo на тoј дeн e oсвeтeна црквата штo ја пoдигналe царoт Кoнстантин и царицата Eлeна на нeгoвиoт грoб вo Сeвастија. Вo таа црква сe пoлoжeни и мoштитe на учeницитe Јoванoви: Eлисeј и Авдиј.

На Господа да се помолиме🙏🏻🙏🏻🙏🏻Недела 13 септември 15-та седмица по педесетница ☦️Света литургија од 9 часот☦️По завршув...
08/09/2026

На Господа да се помолиме🙏🏻🙏🏻🙏🏻
Недела 13 септември 15-та седмица по педесетница
☦️Света литургија од 9 часот☦️
По завршување на литургијата молитва за учениците за успешна нова учебна година
Сите присутни ученици ќе добијат скромни,благословени иконки со молитва поклон од црквата Св вмч Димитриј Астен

05/09/2026

Да го славиме Господа зошто е добар и се милостив
Света литургија во недела на 13 септември од 9 часот
По завршување на литургијата молитва за успешна училишна 2026/2027 година за сите ученици
Сите присутни ученици ќе добијат скромен благословен поклон од црквата за успех во учењето

Однесувањето за време на Светата литургија во православниот храм треба да биде со длабока почит, мир и молитвена тишина....
03/09/2026

Однесувањето за време на Светата литургија во православниот храм треба да биде со длабока почит, мир и молитвена тишина.
Основни правила за однесување навреме:
Дојдете пред да почне богослужбата за да се смирите и да запалите свеќи без брзање.Соодветна облека: Облечете се скромно и пристојно (жени со долги здолништа,покриени рамења,мажи без капчиња и во долги панталони и покриени рамења).
Исклучете го телефонот, не зборувајте гласно и не шепутете со другите за време на Богослужењето.
Ако влезете во црква за време на важен дел (како Влезот на свештеникот или читањето на Евангелието), застанете мирно додека тоа не заврши, па дури потоа отидете на своето место.
Стојте мирно; седењето е дозволено кога е време за одмор или за постари и болни лица.Причестување: Пристапете со претходна подготовка (пост и исповед), а пред самиот чин на причестување со Крвта и Телото Христови не се прекрстувате за да не го удрите путирот од невнимание.

Почитувани верници,во овие неколку недели,поради оправдано отсуство на нашиот отец Валентин,паузираме со Служење на Свет...
31/08/2026

Почитувани верници,во овие неколку недели,поради оправдано отсуство на нашиот отец Валентин,паузираме со Служење на Свети литургии
Следни Свети литургии ви закажуваме на:
13,20 и 27 септември,на 13 септември по завршување на литургијата ќе има и молитва за сите ученици за благословена нова 2026/2027 школска година

Како со децата за време на богослужбите?Честопати за родителите е предизвик како да го одржат вниманието на детето во хр...
30/08/2026

Како со децата за време на богослужбите?
Честопати за родителите е предизвик како да го одржат вниманието на детето во храмот за време на Светите Богослужби. Светите отци и современите духовници советуваат:Почитување на детските можности: Децата немаат капацитет да стојат мирно со часови како возрасните. Подобро да се излезе надвор во дворот доколку детето стане премногу немирно, за да не се наруши мирот на другите верници
Се мисли на деца до најмногу 5,6 години
Децата повозрасни од 7 години би требало да се во можност да останат во црква во текот на целото Богослужение
Доколку имаат потешкотии повремено може и да седат
Кога децата малку ќе пораснат, корисно е да им се дадат мали задолженија — купување и палење свеќи, помагање на повозрасните во олтарот или учество во детски хор.

Дали сте знаеле дека кога бебето ке се роди, таткото оди во црква и бара да се испее мала молитва за новороденчето и мај...
29/08/2026

Дали сте знаеле дека кога бебето ке се роди, таткото оди во црква и бара да се испее мала молитва за новороденчето и мајката,му се осветува вода,од која се става во водата со која го бањате бебето до 40 денови,односно до големата молитва а мајката исто така за заштита од искушенија и здравје пие од водата .

Водата треба точно да си распореди да ја потрошите во текот на 40 дена, а од неа треба да користат и сите во фамилијата по малку секој ден.

Ова се прави за да се заштити детенцето,мајката и сите од фамилијата од лоши работи

А после 40 денови од раѓањето во црквата одат мајката и новороденчето на голема молитва

Adresse

Kirchengasse 2
Asten

Telefon

+436764483260

Webseite

Benachrichtigungen

Lassen Sie sich von uns eine E-Mail senden und seien Sie der erste der Neuigkeiten und Aktionen von Sveti Dimitrij-Linz erfährt. Ihre E-Mail-Adresse wird nicht für andere Zwecke verwendet und Sie können sich jederzeit abmelden.

Verknüpfungen

Teilen