26/08/2026
Она што денес првенствено треба да го направиме, она за што Црквата нé подготвуваше сите овие претходни недели, за што нé подготвува и преку целата година и преку сите евангелски беседи и преку сите параболи во Евангелието, преку целото учење Христово, е тоа дека треба да стекнеме милостиви и милосрдни срца подготвени да простат, да бидат попусливи кон грешките и гревовите кои ближните ги прават кон нас, да бидеме трпеливи и да научиме да се угледаме на самиот наш Небесен Отец, бидејќи тоа се и зборовите Христови: „Угледајте се на Мене, зашто Сум кроток и смирен по срце“ и „бидете свети како што е свет вашиот Отец Небесен“.
Aрхимандрит Дамаскин