МПЦ ОА Свети Стефан

МПЦ ОА Свети Стефан Македонска Православна Црковна Општина Свети Стефан-Macedonisch Orthodox Kerkgemeenschap Sveti Stefan

13/09/2026

Драги браќа и сестри, почитувани Македонци

Ве известуваме дека црквата ќе биде отворена секоја недела од 10.00 до13:00 часот. Во деновите кога нема да се служи Света Литургија, црквата ќе биде отворенa за молитва, палење на свеќи, духовно собирање и развој на пријателства!

Со почит,
Управен Одбор нa МПЦО Свети Стефан Холандија

СВЕТА АРХИЕРЕЈСКА ЛИТУРГИЈА ВО МАЈНЦ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА ПРЕПОДОБЕН ПИМЕН ВЕЛИКИ И СВЕТИОТ ФАНУРИЈДенес, 09 септември,...
09/09/2026

СВЕТА АРХИЕРЕЈСКА ЛИТУРГИЈА ВО МАЈНЦ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА ПРЕПОДОБЕН ПИМЕН ВЕЛИКИ И СВЕТИОТ ФАНУРИЈ

Денес, 09 септември, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на Преподобен Пимен Велики и Светиот маченик Фануриј, во храмот на МПЦО „Св. Никола“ Мајнц, Германија, беше отслужена Света Архиерејска Литургија. Со благослов и во присуство на верниот македонски православен народ, со Светата Литургија чиноначалствуваше Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение со повеќе свештенослужители од Европската епархија.

Архиерејска Богослужба DusseldorfЧестито Протоерејски чин отец Трајче- Достоен!!
06/09/2026

Архиерејска Богослужба Dusseldorf
Честито Протоерејски чин отец Трајче- Достоен!!

Архиерејска Богослужба
05/09/2026

Архиерејска Богослужба

Драги Браќа и Сестри!!Со особена духовна радост ве известуваме дека  во сабота на 05 септември 2026 година, ќе се отслуж...
02/09/2026

Драги Браќа и Сестри!!

Со особена духовна радост ве известуваме дека во сабота на 05 септември 2026 година, ќе се отслужи Света Архиерејска Литургија, со почеток во 10.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Европски г. Пимен.

Овој молитвен собир претставува особена благословена можност за сите верници од македонската православна заедница во Холандија да се соберат во храмот, заеднички да се помолат и да земат молитвено учество во Светата Тајна на Евхаристијата, причестувајќи се со Телото и Крвта Христови.

Ги повикуваме сите верници да земат молитвено учество и заедно да се помолиме во духот на христијанската љубов, единство и заедништво. Нека овој свет ден биде исполнет со Божји благослов, мир и духовна радост за сите нас.

Локација:
de Jonghweg 2, Rossum

Само на свештеникот му е дадено од Бога право да ја извршува Светата Тајна Исповед и да ја чита молитвата за разрешување...
22/08/2026

Само на свештеникот му е дадено од Бога право да ја извршува Светата Тајна Исповед и да ја чита молитвата за разрешување. Ниедна друга небесна сила нема таква моќ.
И Бог дозволил свештеникот да биде грешен, бидејќи грешниот свештеник подобро ќе разбере грешна личност.

- Свети Јован Златоуст

19/08/2026

На што прилега Царството небесно? На Преображението таворско. Еве и зошто.

Кога на едно место, во еден момент ги имаме строзаветните св. Пророк Илија како образ на верата во најавуваниот Месија и св. Пророк Мојсеј како образ на законот јудејски, новозаветните апостоли Петар како образ на новозаветната вера во Христа, Јаков како образ на надежта, Јован како образ на љубовта, Христос преобразен во Слава во нетварна светлина, желба на учениците да останат тука и глас од Небесата на Отецот, нели е тоа претвкус на Царството небесно?

За многу години предвкусот
на Царството Небесно!

Otec Pimen

Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон СтефанКога злите Евреи го убија со камења свети Стефан,...
15/08/2026

Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан

Кога злите Евреи го убија со камења свети Стефан, го оставија неговото тело да го изедат кучињата. Но, Промислата Божја сакаше поинаку.

Телото на маченикот лежеше на отворено место под градот два дена и две ноќи, а втората ноќ дојде Гамaлиил, учителот на Павле, а потаен ученик на Христа, го зеде телото, го однесе на својот имот во Кафаргамала и овде во една пештера го погреба чесно.

Во истата пештера Гамалиил го погреба и својот пријател Никодим, кој плачејќи над Стефановиот гроб умре. Овде Гамлиил го погреба и својот крстен син Авив.

И според заветот што го остави, и самиот Гамалиил беше овде погребан. Оттогаш поминаа векови и никој од живите не знаеше каде е погребано телото на свети Стефан. Во 415 година, во времето на Ерусалимскиот патријарх Јован, му се јави Гамaлиил трипати на свештеникот кафаргамалски Лукијан и подробно му раскажа сè за погребот на оние што ги спомнавме, покажувајќи го точното место на нивните заборавени гробови.

Возбуден од овој сон, Лукијан му јави на патријархот и штом зеде благослов поведе луѓе и појдоа да ги откопаат четирите гроба. Пештерата се преисполни со силно благоухание од светителските коски.

Тогаш моштите на свети Стефан ги пренесоа свечено на Сион и таму ги погребаа чесно, а моштите на другите ги изнесоа на еден рид над пештерата и овде ги положија во една црква.

Од моштите на свети Стефан тој ден се извршија многу исцеленија на болни. Подоцна тие мошти беа пренесени во Цариград. Така Господ го овенча со голема слава оној кој прв ја пролеа својата крв за Неговото име.

.             Со благослов на Неговото                  Високопреосвештенство        Митрополит Европски г. ПИМЕН !!!   ...
13/08/2026

.
Со благослов на Неговото
Високопреосвештенство
Митрополит Европски г. ПИМЕН !!!

Лесен,
благословен
и Богомугоден
Богородичниот пост !!!

Adres

H. C De Jonghweg 2
Rossum
5328JD

Meldingen

Wees de eerste die het weet en laat ons u een e-mail sturen wanneer МПЦ ОА Свети Стефан nieuws en promoties plaatst. Uw e-mailadres wordt niet voor andere doeleinden gebruikt en u kunt zich op elk gewenst moment afmelden.

Contact De Plaats Van Aanbidding

Stuur een bericht naar МПЦ ОА Свети Стефан:

Snelkoppelingen

Delen