Mpco Sv. Ap. Petar i Pavle Nova Gorica-Gorizia

Mpco Sv. Ap. Petar i Pavle Nova Gorica-Gorizia Informazioni di contatto, mappa e indicazioni stradali, modulo di contatto, orari di apertura, servizi, valutazioni, foto, video e annunci di Mpco Sv. Ap. Petar i Pavle Nova Gorica-Gorizia, Organizzazione religiosa, Piazza Sant'Antonio, Gorizia.

☦️Распоред на Богослужби за Велигденските празници
16/04/2025

☦️Распоред на Богослужби за Велигденските празници

Натажени и ожалостени браќа и сестри, Денес е ден за молк, тага и длабоко сочувство со семејствата на трагично загинатит...
20/03/2025

Натажени и ожалостени браќа и сестри,
Денес е ден за молк, тага и длабоко сочувство со семејствата на трагично загинатите во Кочани.
Денес е ден за молитва за нивните души.

Денес е најцрниот ден во Македонија.
Во наредните неколку денови нашата црква ќе биде отворена за секој од вас да може да оддаде почит на прерано загубените животи во трагедијата во Кочани, ќе може да запалите свеќа, да се помолите за нивните души и да се потпишете во книгата на жалост.

Исто така ќе може да донирате за помош на семејствата на починатите и на повредените.

Поради отсуство на свештеникот навремено ќе ве известиме кога ќе биде отслужена ЗАУПОКОЕНА ЛИТУРГИЈА за починатите.

Црквата ќе биде отворена во следните денови:
20.03 Четврток од 17 до 19 ч.
21.03 Петок од 10 до 12 ч.
22.03 Сабота од 17 до 19 ч.
23.03 Недела од 10 до 12 ч.

Нека Господ им дарува царство небесно. 🕊💔
Вечнаја памјат!

Натажени и ожалостени браќа и сестри, ве известуваме дека во наредните неколку денови нашата црква ќе биде отворена за с...
19/03/2025

Натажени и ожалостени браќа и сестри,

ве известуваме дека во наредните неколку денови нашата црква ќе биде отворена за секој од вас да може да оддаде почит на прерано загубените животи во трагедијата во Кочани, ќе може да запалите свеќа, да се помолите за нивните души и да се потпишете во книгата на жалост.

Поради отсуство на свештеникот навремено ќе ве известиме кога ќе биде отслужена ЗАУПОКОЕНА ЛИТУРГИЈА за починатите.

Бог да ги прости и да им дарува царство небесно. 🕊

☦Светата великомаченичка НеделаВо времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побо...
20/07/2024

☦Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и бездетни. Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа Света Недела. Таа од детството Му се посвети себеси на Бога, воздржувајќи се од сè што прават разузданите деца. Кога порасна, прекрасна во телото и во душата, навалија многубројни просци, но таа сите ги одбиваше, велејќи дека е вереница на Господ Христос и дека ништо не сака, освен да умре како девојка. Еден од одбиените ги обвини Недела и нејзините родители како христијани пред царот Диоклецијан. Царот нареди и нејзините родители прво ги мачеа, а потоа ги протераа во градот Мелитина, каде што кончанието им беше во маки за Христа. Света Недела пак, му ја испрати Диоклецијан на Максимијан да ја суди. Бидејќи ја потврди својата вера во Христа пред Максимијан, тој нареди и ја тепаа со воловски жили. Потоа царот им ја предаде на војводите, прво на Иларион, а откако тој умре на Аполониј. Овие ја мачеа ѕверски на сите можни начини, но сè им беше залудно. Додека Света Недела лежеше во рани во затворот, ѝ се јави Господ Христос и ја исцели и ѝ рече: „Недело, не плаши се од маките, Мојата благодат е со тебе“. Христовата благодат навистина ја спаси оваа маченичка и од оган и од ѕверови, со што нејзините судии мислеа со сигурност да ја умртват. Многумина незнабожци, гледајќи го нејзиното чудесно спасение од толку смрти, поверуваа во Христа. Но сите беа заклани. Света Недела му рече на Аполониј: „На ниеден начин нема да ме одвратиш од мојата вера. Ако ме фрлиш во оган, ги имам Тројцата младенци; ако ме фрлиш на ѕверовите, го имам за пример Даниил; ако ме фрлиш во морето, пример ми е Пророкот Јона; ако ме предадеш на меч, ќе се сетам на Чесниот Предвесник. За мене живот е да умрам за Христа.“ Тогаш Аполониј нареди да ја убијат со меч. Недела клекна на колена, ги подигна рацете кон небото и Му се помоли на Бога да ја помилува и да ги спаси сите што ќе го слават нејзиниот спомен, а нејзината душа да ја упокои заедно со душите на нејзините родители. Кога ја заврши молитвата Му ја предаде душата на Бога, пред да се спушти мечот врз нејзината Света глава. Чесно пострада и се пресели во Небесното Царство во 289 година, во Никомидија.

Тропар
Овцата Твоја, Исусе, Недела, повикува со силен глас: Тебе, Младоженецу мој, Те љубам и, Тебе барајќи Те, се подвизувам, и со Тебе се распнувам, и во Твоето крштение се погребувам, и заради Тебе страдам, та со Тебе и да царувам; и умирам за Тебе, за и да живеам со Тебе. Но, како жртва непорочна, прими ме мене, која со љубов се жртвував за Тебе. По нејзините молитви, како Милостив, спаси ги душите наши.

Кондак
Светата Христова маченица денес нè собра да ги прославиме нејзините славни подвизи, и нејзиното божествено страдање; со нејзината доблесна душа таа, всушност, се покажа сообразна со нејзиното име – господарка на својот дух и на своите страсти.

04/05/2023

Indirizzo

Piazza Sant'Antonio
Gorizia
34170

Sito Web

Notifiche

Lasciando la tua email puoi essere il primo a sapere quando Mpco Sv. Ap. Petar i Pavle Nova Gorica-Gorizia pubblica notizie e promozioni. Il tuo indirizzo email non verrà utilizzato per nessun altro scopo e potrai annullare l'iscrizione in qualsiasi momento.

Condividi