Свети Павле -Trier-

Свети Павле -Trier- Свети Апостол Павле (Trier) Македонска Православна Црковна Општина (МПЦО)

07/01/2024

Среќен Божиќ! Здравје, среќа, љубов и само убави моменти за паметење во годинава што ни следи. На здравје 🥂 !

Денеска е Божиќ и во 12 саатот ќе има богослужба во капелата Свети Атанас во катедралата на Трир-Дом (адреса: Hinter dem Dom; 54290 Trier) со отец Димче Ставревски наш стален свештеник во црковната општина Свети Павле во Трир.

Слава на Бога во висините,а на земјата мир,меѓу луѓето добра волја..." Молитвено да го дочекаме во денешниот ден Раѓањето на Синот Божји.
Спремни, Ве очекуваме заедно да учествуваме и да се соединиме со Телото и Крвта Христови...
*07.01.24г.(недела) Божиќ
Божествена Литургија 12 часот
Литија со пеење на црковната песна Вечниот Бог...од најмладите и пригодни подароци.
ДОЈДЕТЕ И ВИДЕТЕ!!!

Ова година ова Фејсбук страница ќе се деактивира и се заменува со новата заради административни причини:
https://www.facebook.com/profile.php?id=61550769497667

https://www.facebook.com/share/v/6Nurscv482S9xAw6/?mibextid=KsPBc6&startTimeMs=4000

2023та година доаѓа полека до крај и нашата црковна општина Свети Павле беше подарена со успеси: 1.) Спроведени редовни ...
26/12/2023

2023та година доаѓа полека до крај и нашата црковна општина Свети Павле беше подарена со успеси:

1.) Спроведени редовни богослужби со свој инвентар и весели дружби за Божиќ, Велигден и Павловден;

2.) Заедничко служење со романски и украински свештеници на македонска богослужба;

3.) Се зголеми бројот на парохијалци (по 10 евра месечно по фамилија) во Битбург, Даун, Трир и Луксембург;

4.) Испративме тим од Свети Павле на фудбалски мал турнир во Дизелдорф;

5.) Испративме претставник од Свети Павле на годишното собрание на европската епархија за Копар во Словенија;

6.) Испративме претставници од Свети Павле на годишната МПЦО слава за Света Петка во Дизелдорф;

7.) Испративме претставник од Свети Павле на годишното собрание на МПЦО Света Тројца во Келн;

8.) Поставивме лична средба помеѓу европскиот владика господин Пимен со германскиот владика др- Акерман во Трир;

9.) Успешно се одвива иницијативата за формирање школо на македонски јазик;

И така бог ни ги слушна молитвите и нашиот надлежен владика господин Пимен нé подари со благослов за отец Димче Ставревски да ни стани стален свештеник во црковната општина Свети Павле во Трир (во сликата долу отец Димче сослужи минатата недела во Мајнц со надлежниот отец Константин, ѓакон Александар и со господин Пимен за Свети Никола) – Слава му на Бога !

Во јануари ќе има следни четири богослужби во капелата Свети Атанас во катедралата на Трир-Дом (адреса: Hinter dem Dom; 54290 Trier):

5.1.2024 (16 ч.) петок - Коледе

6.1.2024 (12 ч.) сабота - Бадник

7.1.2024 (12 ч.) недела - Божиќ = ќе се поделат божикни поклони на дечињата и ќе се пеј песната „вечниот бог“

14.1.2024 (12 ч) недела - Василица/ Стара Нова година

20.1.2024 (12ч) сабота - Водици = ќе се фрла крстот во реката Мозел (адреса: Rheinstraße 38; 54292 Trier-Ruwer)

Од наредната година ова Фејсбук страница ќе се деактивира и се заменува со новата заради административни причини:
https://www.facebook.com/profile.php?id=61550769497667

Пра­вос­лав­ни­те хрис­ти­ја­ни во Ма­ке­до­ни­ја на 19. декември го праз­ну­ва­ат Све­ти Ни­ко­ла Чу­дот­во­рец, све­те...
06/12/2023

Пра­вос­лав­ни­те хрис­ти­ја­ни во Ма­ке­до­ни­ја на 19. декември го праз­ну­ва­ат Све­ти Ни­ко­ла Чу­дот­во­рец, све­те­цот заш­тит­ник на де­цата, мо­реп­лов­ците, де­вој­ките, си­ро­маш­ните, уче­ни­ците, пе­ка­рите, ап­те­ка­рите, тр­гов­ците, пат­ни­ците...

Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многупати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите. Во Германија, Луксембург и Белгија се празнува како детски празник кога децата добиваат разни поклони во зависност од тоа кој колку бил послушен во текот на изминатата година. Заштитник на градот Амстердам, Руската федерација и Грција.

На ден 17.12.2023 год (Недела) ќе се одржи Света Литургија во Trier Dom (капела свети Атанасиј) со почеток во 12 часот.

Од наредната година ова Фејсбук страница ќе се деактивира и се заменува со новата:

https://www.facebook.com/profile.php?id=61550769497667

Денеска во 12 часот ќе се отслужи Света Литургија во чест на Свети Димитриј Солунски во Православната капела “Свети Атан...
12/11/2023

Денеска во 12 часот ќе се отслужи Света Литургија во чест на Свети Димитриј Солунски во Православната капела “Свети Атанас” во катедралата на Трир (адреса: Bischof-Stein-Platz, Trierer Dom - Athanasius Kapelle).
Дојдете да се соединиме со Христа Бога на заедничарењето преку Светата Причест.

После богослужбата отец Димче Ставревски ќе осветува вода во Трир и Луксембург - сите Вие кои сакате да ги посети вашите домови пишете нѝ и пријавете се оти има уште слободно време.

Фчера по молитвите на светиот апостол Павле чие име го носи црковната општина се посетија повеќе семејства во градовите Битбург и Даун за осветување вода на домовите. Се освети вода за благослов и се запознаа верниците со понатамошните планови и работа на црковната општина.

За многу години!

Браќа и сестри во Христа, на 11 Ноември во сабота отец Димче Ставревски ќе осветува вода во Трир, Битбург, Даун, Луксемб...
31/10/2023

Браќа и сестри во Христа,
на 11 Ноември во сабота отец Димче Ставревски ќе осветува вода во Трир, Битбург, Даун, Луксембург и околината, сите Вие кои сакате да ги посети вашите домови пишете ни и пријавете се најдоцна до 10.11.2023 на нашата Фејсбук страна Sveti Pavle Trier Mpco. Во недела на 12 Ноември со почеток во 12 часот ќе се отслужи Света Литургија во чест на Свети Димитриј Солунски во Православната црква во Трир Дом Свети Атанас капелата (Trierer Dom Athanasius Kapelle).
Дојдете да се соединиме со Христа Бога на заедничарењето преку Светата Причест.

За многу години!

Апостоле свети и евангелисте Луко, моли Го милостивиот Бог, да им даде на душите наши прошка на гревовите.
31/10/2023

Апостоле свети и евангелисте Луко, моли Го милостивиот Бог, да им даде на душите наши прошка на гревовите.

Но Исус рече: „Оставете ги децата и не пречете им да доаѓаат при Мене, зашто на такви е царството небесно.”И кога ги пол...
09/09/2023

Но Исус рече: „Оставете ги децата и не пречете им да доаѓаат при Мене, зашто на такви е царството небесно.”
И кога ги положи рацете над нив, Исус си отиде оттаму.

09/09/2023

Свети Фануриј е заштитникот на децата. Доведените дечиња добија благослов од Бога и од Свети Фануриј за успешна учебна година.
Сите деца добија подарок на детска Библија од Црковната општина.

09/09/2023

Geeint in Jesus Christus - gemeinsam für diese Welt, zweisprachig:

Unsere Mazedonisch-Orthodoxe Kirchengemeinde "Heiliger Apostel Paulus" mit unserem Pope Trajce Grozdanov hat heute erstmalig einen gemeinsamen Gottesdienst mit Priester Mircea Moldovan von der Rumänisch-Orthodoxen Kirchengemeinde aus Trier "Heiliger Kaiser Konstantin und Elena" in der Athanasiuskapelle im Dom abgehalten.

Friede sei mit Euch!

Возљубени браќа и сестри во Христа, во Сабота на 09 09 2023. кога Црквата го празнува свети Фануриј заштитникот на децат...
05/09/2023

Возљубени браќа и сестри во Христа, во Сабота на 09 09 2023. кога Црквата го празнува свети Фануриј заштитникот на децата, ќе се отслужи Света Литургија со почеток во 16 00 часот во Atanasius kappele Trier. Dom Ќе се отслужи и Молебен канон за успешна и плодна
новата учебна година и за сите деца ќе има подарок Библија за деца од Црковната општина.
ХРИСТОС ПОМЕЃУ НАС - Е И ЌЕ БИДЕ ! ! !

Adresse

Liebfrauenstraße 12
Trier
54290

Webseite

Benachrichtigungen

Lassen Sie sich von uns eine E-Mail senden und seien Sie der erste der Neuigkeiten und Aktionen von Свети Павле -Trier- erfährt. Ihre E-Mail-Adresse wird nicht für andere Zwecke verwendet und Sie können sich jederzeit abmelden.

Teilen