MPCO Sveti Kiril i Metodij Stuttgart

MPCO Sveti Kiril i Metodij Stuttgart Mazedonische Orthodoxe kirchliche Gemeinde
St. Kiril und Metodij e.V.

СО ПОЧЕТОК ОД 11:00 ЧАСОТ, ВЕ МОЛИМЕ ДА СЕ ПРИДРЖУВАТЕ НА ПРАВИЛАТА ЗА ХИГИЕНА И РАСТОЈАНИЕ
30/12/2020

СО ПОЧЕТОК ОД 11:00 ЧАСОТ, ВЕ МОЛИМЕ ДА СЕ ПРИДРЖУВАТЕ НА ПРАВИЛАТА ЗА ХИГИЕНА И РАСТОЈАНИЕ

30/10/2020
Почитувани ВернициПосле толку време опфатени од овој невиден противник на човештвото, со други зборорви Светската пандем...
30/09/2020

Почитувани Верници
После толку време опфатени од овој невиден противник на човештвото, со други зборорви Светската пандемија, црковниот живот кај нас во Штутгарт беше за жал прекинат односно невозможен.
Но ние црковниот одбор заедно со Свештеникот собравме сили и одлучивме тој со месеци прекинат црковен живот да го овозможиме односно да го продолжиме.
Наредната Богослужба е во Недела на 04.10.2020 година според годишниот план со почеток во 11:00 часот, со задолжително телефонско пријавување.
За сето тоа да биде успршно, ќе мораме да се придржуваме на одредбите и правилата за спречување и ширење на вирусот.
1. Во црквата смеат истовремено да бидат 29 верници (не повеќе), Местата се обележани.
2. За тоа да се почитува ќе мора предходно пријавување со име и презиме
3. Да се почитуваат одредбите:
- Носење заштитна маска
- Држење прописно одстојание (2 метра) без групирање
- Хигиена, миење на раце и дезинфекција, пристап во WC поединечно. Средство за дезинфекција ќе има.
- Влегувањето и излегувањето ќе биде обележано, Еднонасочно.
Пријавувањето да се изврши телефонски на Мобилен број: 01714061864 најдоцна до Сабота 20:00 часот, во случај ако некој се пријави а не е во можност да дојде треба задолжително навреме да се одјави како би добил некој друг можност да земе учество на Богослужбата.
За тие што не се пријавиле а местата пополнети ќе има СВЕЌАРНИК пред влезот на црквата така да можат да си запалат свеќи, ако меѓувреме се ослободи место истите ќе можат да влезат во црквата, да ја следат Богослужбата.
Молба: по можност проширетеја оваа вест така да бидат повеќе верници обавестени.
Со Божји Благослов

ЗА МНОГУ ГОДИНИ НЕКА НИ Е ПРАЗНИКОТ ``УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА-ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА``Успението на Пресвета Богородица...
28/08/2020

ЗА МНОГУ ГОДИНИ НЕКА НИ Е ПРАЗНИКОТ ``УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА-ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА``

Успението на Пресвета Богородица, кое е круна на животот на Мајката Божја, на Пресветата Владичица, Која во сета своја слава, испратена од светите апостоли, кои на чудесен начин се собрале од сите краишта на земјата – оди при Бога пред Кого се застапува за сите нас, кои денес го славиме Нејзиното сечесно успение, односно Нејзиното преминување од овој свет во вечноста, со што се случила победата на животот над смртта и потврдата на ветувањето за нашето воскресение во Христа. Затоа денес на Успение, ние не ја славиме смртта, туку заспивањето и вознесувањето, заминувањето на небото, воскреснувањето како со душата, така и со телото на Пресвета Богородица, која бдее над нашите души, чувајќи ги од злото и подготвувајќи ги за доброто и за вечниот живот.

23/05/2020
22/05/2020

Почитувани Браќа и Сестри, сакани верници.
Пред нас е Нашиот патронен празник Св. Кирил и Методиј, за Нас и Нашата Црковна Општина, како и секогаш ова е голем ден. Знаеме дека оваа година по многу нешта се разликува од претходните. Сите се справуваме со едно големо искушение коешто досега Нам ни беше непознато. Бог е Голем, секогаш бдее над Нас и не чува од злото, затоа верувајте во Него и Тој нема никого и никогаш да не остави сами.
За жал пропуштивме многу Богослужби, ќе ја пропуштиме и оваа за Св. Кирил и Методиј, но се надеваме дека сето ова ќе помине побрзо и наскоро се ќе биди како порано, црковните простории ќе бидат полни со верници, ќе ги прославиме заедно празниците кои ни претстојат и заедно да се помолиме на Бога.

Знајте дека никој од Вас не е заборавен и секогаш сте во нашите мисли.

Во недела на 24.05.2020, на денот на нашите просветители Св. Кирил и Методиј, ќе се положи свежо цвеќе на спомен плочата во Елванген.

Ви посакуваме многу здравје, љубов и среќа на секое поле.

За било какви прашања Ви стоиме на располагање.

Од Црковниот Одбор на МПЦО Св. Кирил и Методиј Штутгарт

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!!ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!!ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!!Многу здравје среќа љубов на сите вас и на вашите најблиски ...
18/04/2020

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!!
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!!
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!!

Многу здравје среќа љубов на сите вас и на вашите најблиски роднини и пријатели и во секој дом ХРИСОС ВОСКРЕСЕ за многу години
СРЕЌНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ ВИ ПОСАКУВАМЕ
✝️✝️🙏🙏🙏✝️✝️

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица.Цветници сек...
12/04/2020

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници
познат уште и како Цветоносна недела и Врбица.
Цветници секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос со своите ученици во Ерусалим, градот во кој по неколку дена ќе биде погубен.
Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и го покриваа патот со маслинови гранчиња пречекувајќи го како цар на мирот небесен.
За многу години нека ни е празников и сите што се викаат како Цветан, Цветанка, Цветко, Цвета нека им е честит именденот.
МПЦО Св. Кирил и Методиј-Штутгарт

Adresse

Ilsfelder Straße 10
Stuttgart
70435

Benachrichtigungen

Lassen Sie sich von uns eine E-Mail senden und seien Sie der erste der Neuigkeiten und Aktionen von MPCO Sveti Kiril i Metodij Stuttgart erfährt. Ihre E-Mail-Adresse wird nicht für andere Zwecke verwendet und Sie können sich jederzeit abmelden.

Die Kultstätte Kontaktieren

Nachricht an MPCO Sveti Kiril i Metodij Stuttgart senden:

Teilen