22/05/2026
Почитувани Македонци,
драги браќа и сестри православни христијани и нивни роднини и пријатели,
Македонската православна црковна општина ,, Св. Ѓорѓи Кратовски” од Хамбург со адреса Heider Str.1, 20251, Хамбург по повод православниот христијански празник
Слегување на Светиот Дух - Педесетница ќе биде отворена на следниoт датум:
Слегување на Светиот Дух - Педесетница
31.05.2026 од 13:00 Часот
Богослужбата ќе ја одржи свештеникот Јован Кумевски од Р. Македонија.
По завршување на богослужбата Ве покануваме на топол пијалок и закуска во однапред предвидениот простор во црквата. Сите посетители се добредојдени да донесат и традиционални јадење од дома за да се поделат помеѓу посетителите за здравје.
Се надеваме од сè срце дека ќе дојдете за заеднички да го обележиме и овој празник во голем број како и предходните.
Поздрав и секое добро од Бога,
за МПЦО „Св. Ѓорѓи Кратовски“ од Хамбург
Генерален Секретар - Сашо Зиков