МПЦО "Света Троица" -Келн,Германија / MPCO "Sveta Troica" -Köln,Deutschland

МПЦО "Света Троица" -Келн,Германија / MPCO "Sveta Troica" -Köln,Deutschland Kontaktinformationen, Karte und Wegbeschreibungen, Kontaktformulare, Öffnungszeiten, Dienstleistungen, Bewertungen, Fotos, Videos und Ankündigungen von МПЦО "Света Троица" -Келн,Германија / MPCO "Sveta Troica" -Köln,Deutschland, Religiöse Gemeinschaft, Neue Str. 1e, Cologne.

МПЦО "Света Троица" од Келн е дел од Европската Епархија при МПЦ-Охридска Архепископија, со редовен свештеник:

Отец Димче Ставревски
Контакт: +49 15560552081

Црковна Адреса:
Neue Straße 1
51149 Köln

Браќа и сестри од Келн и околината, со радост Ве покануваме во недела на Светата Божествена Литургија во 16. седмица по ...
15/09/2026

Браќа и сестри од Келн и околината, со радост Ве покануваме во недела на Светата Божествена Литургија во 16. седмица по Педесетница.

По завршувањето на Литургијата ќе продолжиме со дружење по повод Рожденството на Пресвета Богородица. ☦️

📌 Дружењето има и хуманитарен карактер ⬇️

На дружбата ќе има кутија за донации, а средствата собрани од храната и пијалоците ќе бидат донирани на семејство од Македонија, кое своето дете го лекува во Уни Клиник во Келн, затоа Ве повикуваме да се собереме во што е можно поголем број 🙏🏻

Да бидеме заедно во молитва, љубов и заедништво, а преку нашата помош да донесеме надеж и поддршка на едно семејство во тежок период.

Ве очекуваме сите! 🙏❤️☦️

Со благодарност за денешната Света Литургија ☦️Денес, во нашата МПЦО „Св. Троица“ – Келн, со молитва и благодарност ја п...
13/09/2026

Со благодарност за денешната Света Литургија ☦️

Денес, во нашата МПЦО „Св. Троица“ – Келн, со молитва и благодарност ја прославивме Светата Божествена Литургија во 15. седмица по Педесетница.

На денешната Литургија поделивме подароци за сите ученици кои присуствуваа, и упативме посебни молитви за сите деца кои ја започнаа новата школска година, за студентите и професорите, Господ да им подари здравје, мудрост, успех и благослов во нивниот труд 🙏🏻

Благодарност до сите што денес беа со нас и го исполнија храмот со молитва, љубов и заедништво.

Нека Господ ги благослови сите наши деца, ученици, студенти, професори и нивните семејства, и нека ни дарува мир, здравје и духовна сила. 🙏

На многу години и за многу благословени години! ☦️

ОТСЕКУВАЊЕ НА ГЛАВАТА НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ (11 септември) ☦️На овој ден пострада најголемиот меѓу родените од жена - Св...
11/09/2026

ОТСЕКУВАЊЕ НА ГЛАВАТА НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ (11 септември) ☦️

На овој ден пострада најголемиот меѓу родените од жена - Свети Јован, Крстител Господов, затоа што ја говореше вистината.

Славното отсекување на главата Претечева беше еден вид Божја промисла, за и на оние во адот да им го проповеда доаѓањето на Спасителот. Затоа нека реди Иродијада, која го
испроси беззаконото убиство, бидејќи таа не го возљуби законот Божји, ниту вечниот живот, туку лажниот и привремениот.

Нека ни е пример за храброст, чест и вера. Нека се моли за нас и за нашите семејства! 🙏🏻

Пресвет наш и Возљубен Владико, Од името на МПЦО „Св.Троица" Келн, со желба за здравје, успех и убавини, и со особена ра...
09/09/2026

Пресвет наш и Возљубен Владико,

Од името на МПЦО „Св.Троица" Келн, со желба за здравје, успех и убавини, и со особена радост и почит Ви го честитаме Вашиот именден.

На Многаја и благаја Лета, Владико Пимен 🙏🏻

† Преп. Пимен Велики

Високопреосветени и Високодостојни митрополит Европски г. Пимен, Ваше Високопреосвештенство, возљубен наш Владико,

Од името на преподобното свештенство, сиот клир и верниот народ на Европската епархија, со особена радост и почит Ви го честитаме Вашиот именден.

Молитвено посакуваме Преподобниот Пимен Велики, Вашиот небесен заштитник да Ве закрилува, просветлува и раководи во секое добро дело, а Господ Бог да Ви дарува здравје, духовна сила и мудрост, за да ги понесете со достоинство сите искушенија и предизвици што стојат пред Вас во зачувувањето на единството и интегритетот на нашиот народ и на светата Македонска Православна Црква.

На Многаја и благаја Лета, Otec Pimen

Со радост ве покануваме на Светата Божествена Литургија во нашата МПЦО „Св. Троица“ – Келн, во 15. седмица по Педесетниц...
09/09/2026

Со радост ве покануваме на Светата Божествена Литургија во нашата МПЦО „Св. Троица“ – Келн, во 15. седмица по Педесетница.

📚 Посебно ќе се помолиме за сите деца кои ја започнаа новата школска година, за студентите и за професорите, Господ да им подари здравје, мудрост, успех и благослов во нивниот труд и учење.

Исто така, верниците ќе можат да донесат Фануропита и лепчиња за благословување.

Да се собереме заедно во молитва, принесувајќи ги нашите молитви пред Господа и Св. Маченик Фануриј 🙏🏻

Добредојдени сте сите! 🙏☦️

Браќа и сестри по Христа, оваа недела нема да се служи Света Божествена Литургија бидејќи Отец Димче има Богослужба во Т...
02/09/2026

Браќа и сестри по Христа, оваа недела нема да се служи Света Божествена Литургија бидејќи Отец Димче има Богослужба во Триер, но како и секоја недела кога не се служи Литургија, црквата повторно ќе биде отворена за сите верници 🙏🏻

Слава на Бог 🙏🏻

Слава на Бог! 🙏🏻 #МПЦОСвТроицаКелн #Бог #Православие
01/09/2026

Слава на Бог! 🙏🏻

#МПЦОСвТроицаКелн
#Бог
#Православие

Денес во нашата црква ја чествувавме 13 седмица по педесетница ☦️Благодариме на сите што дојдовте и што заеднички се мол...
30/08/2026

Денес во нашата црква ја чествувавме 13 седмица по педесетница ☦️

Благодариме на сите што дојдовте и што заеднички се молевме и се причестивме. Нека е на здравје и спасение!

Господ да ги благослови вашите семејства! 🙏🏻

Adresse

Neue Str. 1e
Cologne
51149

Öffnungszeiten

09:30 - 13:00

Telefon

+491754882486

Benachrichtigungen

Lassen Sie sich von uns eine E-Mail senden und seien Sie der erste der Neuigkeiten und Aktionen von МПЦО "Света Троица" -Келн,Германија / MPCO "Sveta Troica" -Köln,Deutschland erfährt. Ihre E-Mail-Adresse wird nicht für andere Zwecke verwendet und Sie können sich jederzeit abmelden.

Verknüpfungen

Teilen