06/10/2026
Спиро Сандерс (1904, с. Желево - 1980, Торонто, Канада) македонски активист во Канада, тесно поврзан со почетоците на првата Македонската православна црквата во Канада.
Во 1930 година Спиро дошол сам во Канада каде работел во ресторан. Подоцна станал и сопственик на ресторанот. Потоа во 1938 година во Канада дошла и неговата сопруга со децата.
Во историјата на црквата, 7 август 1962 година е забележан со златни букви, бидејќи тогаш се донела одлука за изградба на храм што ќе го носи името „Св. Климент Охридски”. Таа одлука беше донесена во „Желевскиот дом” во Торонто, сопственост на доселеници од село Желево, Леринско. Спиро бил избран за прв претседател на црквата која денес е стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко.
Спиро Сандерс бил добитник на бројни признанија и награди.
Починал во 1980 година во Торонто, каде му била оддадена голема почит од семејството и бројни почитувачи на неговото име и дело во македонската колонија во Канада и САД.