Macedonian Orthodox Church - Храм Успение Богородично

Macedonian Orthodox Church - Храм Успение Богородично Македонска Православна Црква “Успение на Пресвета Богородица"
18-26 Nyanza Street Woodridge

Успение на Пресвета Богородица Господ, Којшто на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај го таткото свој и мајката...
27/08/2026

Успение на Пресвета Богородица

Господ, Којшто на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај го таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како треба да се почитува својата родителка. Кога висеше на крстот во маки, се сети на Неговата мајка и покажувајќи на апостолот Јован, рече: „Жено, ете ти син!“ Потоа му рече на Јован: „Ете ти мајка!“ И така ја згрижи Својата Мајка и издивна. Јован имаше дом на Сион во Ерусалим, во којшто се насели и Богородица и остана да живее во него до крајот на Нејзините денови на земјата. Со своите молитви, со благите совети, кротоста и трпеливоста, Таа многу им помагаше на апостолите на Нејзиниот Син. Целото време до смртта главно го помина во Ерусалим, обиколувајќи ги често оние места што ја потсетуваа на големите настани и големите дела на Нејзиниот Син. Особено често одеше на Голгота, во Витлеем и на Елеонската Гора. Од Нејзините подолги патувања се спомнува Нејзината посета на Св. Игнатиј Богоносец во Антиохија, посетата на Светиот четиридневен Лазар, епископ Кипарски, посетата на Света Гора, којашто самата ја благослови, и бавењето во Ефес со Свети Јован, за време на големото гонење на христијаните во Ерусалим. На старост Таа често Му се молеше на Бога на Елеонската Гора, на местото на Неговото Вознесение, што порано да Ја земе од овој свет. Еднаш ? се јави архангелот Гавриил и ? објави дека по три дена ќе биде упокоена. Тогаш ? даде една палмова гранка за да ја носат при Нејзиниот погреб. Таа се врати дома со голема радост и посака во срцето уште еднаш да ги види сите Христови апостоли. Господ ? ја исполни оваа желба и сите апостоли, носени на облаци од ангелите, одеднаш се собраа во домот на Јован на Сион. Со голема радост Таа ги виде Светите апостоли, ги охрабри, ги посоветува и ги утеши, и по ова мирно го предаде Својот дух на Бога, без никаква мака и телесна болест. Апостолите го зедоа одарот со Нејзиното тело, од коешто излегуваше благоухание и во придружба на мноштво христијани го пренесоа во Гетсиманската градина, во гробницата на Светите Јоаким и Ана. По Божја Промисла поворката од злобните Евреи ја засолнуваше облак. Некој еврејски свештеник Атониј, го дофати со рацете одарот со намера да го преврти, но во тој миг ангел Божји му ги отсече обете раце. Тогаш тој повика кон апостолите за помош, а откако објави дека поверува во Господ Исус Христос, беше исцелен. Апостолот Тома повторно по Божја Промисла изостана, за така да се открие една нова и преславна тајна за Пресвета Богородица. Третиот ден пристигна и тој, и посака да го целива телото на Пречистата Владичица. Но кога апостолите го отворија гробот, ја најдоа само плаштаницата, а телото не беше внатре. Таа вечер им се јави на апостолите самата Пресвета Богородица опкружена со мноштво ангели и им рече: „Радувајте се, ќе бидам со вас вавек“. На која возраст се упокои Богородица не се знае точно, но преовладува мислењето дека на крајот од овоземниот живот имала повеќе од шеесет години.

Тропар
Во раѓањето си го сочувала девството, а со Твоето успение не си го оставила светот, Богородице, туку си се преселила во живот, Мајко на Животот, и со Твоите молитви ги избавуваш од смрт душите наши.

Кондак
Во молитвите неуморната Богородица и сигурна надеж во посредувањето, гробот и смртта не ја задржаа, бидејќи, како Мајка на Животот, кон живот ја пресели Оној што се всели во Нејзината вечно девствена утроба.

ПОКАНАБлагочестиви браќа и сестри,со особена радост ве покануваме сите на денот на црквата односно патрониот празник со ...
20/08/2026

ПОКАНА

Благочестиви браќа и сестри,

со особена радост ве покануваме сите на денот на црквата односно патрониот
празник со следниот распоред;

- 27/08/26 четвоток;
вечерна Богослужбата со почеток во 06:00 pm

- 28/08/26 петок;
Успение на Пресвета Богородица Света Боженствена Литургија со почеток во 08:30 часот
ќе сослужаат Отец Митко Митрев од Сиднеј и Отец Стефан
а веднаш по Богослужбата по повод на патрониот празник на црквата ќе имаме заеднички празничен ручек

- 30/08/26 недела;
Прославата по повод Голема Богородица продолжува со Пикник-ручек со почеток во 11:00 часот на двата дена ручекот го подаруваат Драги и Марија Лавчановски и Благоја и Маријана Стеваноски и нивните семејства

сите се добродојдени,

Ве очекуваме!

Свети великомученик ПантелејмонРодум од Никомидија, од мајка христијанка и татко незнабожец. Мајка му се викаше Евула, а...
09/08/2026

Свети великомученик Пантелејмон

Родум од Никомидија, од мајка христијанка и татко незнабожец. Мајка му се викаше Евула, а татко му Евсторгиј. Како момче ја изучи лекарската наука. Свештеникот Ермолај го повика кај себе, го научи на верата во Христа и го крсти. Пантелејмон чудотворно излечи еден слеп когошто другите лекари залудно го лечеле: го излечи со името на Христос и го крсти. Од завист лекарите го обвинија дека е христијанин, па Пантелејмон излезе на суд пред царот Максимијан. „Со телото застана пред земниот цар, а со умот стоеше пред Царот небесен“. Тој слободно изјави дека е христијанин и пред очите на царот излечи еден фатен човек од долгогодишна болест. Ова чудо ги привлече кон Христа многубројни незнабожци. Царот го подложи Пантелејмон на маки, но Господ му се јави на светителот неколкупати и го избави цел и неповреден. Тогаш пострада и Свети Ермолај заедно со Ермип и Ермократ. Кога беше осуден на смрт, Пантелејмон клекна на молитва. Во тој миг џелатот го мавна со меч по вратот, а мечот се скрши како да беше од восок. И џелатот не можеше да го погуби додека светителот не ја заврши својата молитва и самиот не рече да го заколат. Неговите мошти станаа исцелителни. Свети Пантелејмон беше заклан под некоја маслинка, којашто потоа целата се закити со плод. Името Пантелејмон значи „семилостив“. Семилостивиот Бог ја прими неговата праведна душа и го прослави меѓу Своите големи светители. Овој прекрасен маченик пострада чесно за Христа во својата младост, на 27 јули 304 година. Свети Пантелејмон се повикува при молитвите на водоосветување и елејоосветување (осветување на масло) заедно со Свети Ермолај и останатите бесребреници и чудотворци. Најубавиот храм посветен на овој светител се наоѓа на Света Гора.

Глас трети:
Страдалниче светии лекаре Пантелејмоне.моли Го милостивиот Бог, да ни дарува прошка на гревовите на нашите души.

Преподобната маченичка ПараскеваРодена е во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најуср...
07/08/2026

Преподобната маченичка Параскева

Родена е во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најусрдно ревнуваше да ги делотвори сите Божји заповеди. Со сведоштвото на нејзиниот вистински благочестив живот и вера упатуваше на патот на спасението и други. Кога ѝ умреа родителите, го раздаде имотот на сиромасите, а самата се замонаши. Како монахиња со уште поголем жар и ревност ја проповедаше верата во Христа не криејќи ја од никого, иако во тоа време римските власти крваво ја гонеа христијанската вера. Први за проповедање на забранетата вера Света Параскева ја обвинија зли Евреи. Ја изведоа на суд пред царот Антонин. Сите ласкања на царот не помогнаа ни најмалку да ја поколебаат Божјата слугинка во вистинитата вера. Тогаш ја подложија на огнени маки и и ставија усвитен шлем на главата. Но Господ чудесно ја спаси и таа се избави и се оддалечи од Рим.

Тргна од град во град да го обраќа тогашниот незнабожечки народ кон христијанското благочестие. Уште во два града беше изведувана пред кнезови и судии и истизавана за Господ, но притоа вршеше големи чуда со силата Божја и брзо се опоравуваше од маките. Како и секогаш, незнабожците нејзините чуда ги припишуваа на магии, а нејзиното опоравување на силата и милоста на нивните богови. Еднаш на кнезот мачител Света Параскева му рече: „Не ме исцелија твоите богови кнезу, туку мојот Христос, вистинскиот Бог“. Најпосле некој кнез Тарасиј ја уби со меч. Тоа беше славниот крај на многуплодниот живот на оваа светителка. Нејзините мошти подоцна беа пренесени во Цариград. Чесно пострада за Христа во 2 век.

Кондак на св. Параскева, глас 4.
Дојдете верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го мракот на прелеста, и благодат неисцрпна им дава на верните, кои викаат: Радувај се маченице, многустрадална.

Светата маченичка ХристинаРодум од градот Тир, ќерка на царскиот намесник Урбан, идолопоклоничка. Не се знае од кои прич...
06/08/2026

Светата маченичка Христина

Родум од градот Тир, ќерка на царскиот намесник Урбан, идолопоклоничка. Не се знае од кои причини родителите ѝ го имаа дадено името Христина, но тоа ја криеше во себе тајната на нејзиното идно одење по Христа. До својата единаесетта година не знаеше за Христа ништо. А кога наполни единаесет години, нејзиниот татко, со цел до полната возраст да ја скрие од светот заради нејзината вонредна убавина, ѝ го одреди највисокиот кат од една висока кула и ја всели да живее таму. Ѝ ги устрои сите удобности за живот, ѝ даде робинки да ја служат, постави во нејзините одаи сребрени и златни идоли за секојдневно да им принесува жртви. Но на таа млада душа ѝ беше тегобно во онаа идолопоклоничка средина. Гледајќи ги низ прозорецот дење сонцето и сите убавини на светот, а ноќе чудесното блескање на ѕвездите, таа по својот природен разум дојде до цврстата вера во едниот жив Бог. Милостивиот Бог, Којшто го виде нејзиниот копнеж по вистината, ѝ испрати ангел кој ја прекрсти со крсниот знак, ја нарече невеста Христова и наполно ја поучи во богопознанието. Тогаш Христина ги искрши сите идоли по нејзините одаи и така предизвика ѕверска јарост кај татко ѝ. Тој ја изведе на суд, ја предаде на маки, а потоа ја фрли во затвор, со намера утредента да ја убие со меч. Но таа ноќ Урбан здрав како дрен ја испушти душата и отиде во гроб пред ќерка му. Потоа двајцата намесници Дион и Јулијан го продолжија истизавањето на Светата девица. Храброста во трпењето и чудата што ги изврши Христина со силата Божја обратија мнозина тирски незнабожци во христијанство. За време на нејзиното мачење Дион одеднаш падна мртов сред народот. Неговиот наследник Јулијан ѝ ги отсече градите и јазикот. Маченичката го зеде својот јазик и му го фрли на Јулијан во очи, од што тој одеднаш ослепе. Најпосле нејзините маки за Христа завршија со смрт под остар меч, а нејзиниот живот се продолжи во бесмртното ангелско царство. Света Христина пострада чесно во 3 век.

Светиот пророк Илија Боговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера. Родум од племето Ароново, од градот Тесвит и затоа...
02/08/2026

Светиот пророк Илија

Боговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера. Родум од племето Ароново, од градот Тесвит и затоа е наречен Тесвитјанин. Кога се роди Илија, неговиот татко Савах виде ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Ова беше предзнак за неговиот пламенен карактер и за богодаруваната огнена сила во него. Целата своја младост ја мина во богомислие и во молитва, повлекувајќи се често во пустината за во тишина да размислува и да се моли. Во тоа време еврејското царство беше разделено на два нееднакви дела: Јудиното царство опфаќаше само две племиња, Јудиното и Венјаминовото, со престолнината во Ерусалим, а Израилевото царство ги вклучуваше останатите десет племиња со престолнина во Самарија. Со првото царство владееја потомците на Јеровоам, слуга на Соломон. Најголем судир пророкот Илија имаше со израилскиот цар Ахав и со неговата изопачена жена Језавела. Зашто тие им се поклонуваа на идолите и го одвраќа народот од служењето на единствениот и жив Бог. Одозгора уште и Језавела, којашто беше Сиријка, го наговори мажот ѝ да подигне храм за сирискиот бог Ваал и да одреди свештеници за тој лажен бог. Со големи чуда Илија ја покажа силата и власта Божја: го затвори небото, па немаше дожд три години и шест месеци; спушти оган од небото и Му запали жртва на својот Бог, а жреците на Ваал тоа не можеа да го направат; низведе дожд од небото со својата молитва; чудесно ги умножи брашното и маслото во куќата на вдовицата во Сарепта и го воскресна нејзиниот умрен син; му прорече на Ахав дека кучињата крвта ќе му ја лижат и на Језавела дека кучињата ќе ја изедат, што и се случи; и многу други чуда изврши и настани предвести. На Хорив разговараше со Бога и во тивкиот свеж ветрец го чу гласот Божји. Пред да се вознесе го зеде Елисеј и го одреди за наследник во пророчката служба; со својата наметка го пресече Јордан; и најпосле беше земен на небото во огнени кочии со огнени коњи. На Тавор заедно со Мојсеј Му се јави на Господ Исус Христос. Пред крајот на светот Илија повторно ќе се јави за да ја сотре силата на Антихристот (Откр. 11).

Тропар, глас4.
Ангел во тело, темел на пророците, втор претеча на Христовото пришестие, славниот Илија, кој одозгора му испрати благодат на Елисеја, болести да лекува, лепрозни да очистува. Затоа и на оние што го почитуваат им дава исцеленија.

Светиот апостол Петар Син Јонин, брат на Андреј Првоповиканиот, од племето Симеоново, од градот Витсаида. Беше рибар и п...
12/07/2026

Светиот апостол Петар

Син Јонин, брат на Андреј Првоповиканиот, од племето Симеоново, од градот Витсаида. Беше рибар и прво се викаше Симон, но Господ благоизволи да го нарекува Кифа или Петар (Јован 1, 42). Прв од учениците јасно ја изрази верата во Господ Исус, велејќи: „Ти Си Христос, Син на Живиот Бог“ (Матеј, 16, 16). Љубовта кон Господ му беше голема, а во верата се утврдуваше постапно. Кога Го изведоа Господ на суд, Петар трипати се одрече од Него, но само еден поглед на лицето Господово го исполни со срам и покајание. По слегувањето на Светиот Дух стана неустрашлив и снажен проповедник на Евангелието. После една негова беседа во Ерусалим се обратија околу три илјади души. Го проповедаше Евангелието ширум Палестина и Мала Азија, Илирика и Италија. Вршеше големи чуда: лечеше болни, воскреснуваше мртви, дури и од неговата сенка се исцелуваа болните. Имаше голема борба со Симон Волхот, којшто се прикажуваше за бог, а всушност беше слуга сатанин. Најпосле го посрами и го победи. На заповед на свирепиот цар Нерон, којшто беше пријател на оној Симон, Петар беше осуден на смрт. Откако го постави Лин за епископ на Рим и го посоветува и утеши стадото Христово, Петар радосно појде да прими смрт. Кога виде пред себе крст, ги замоли џелатите да го распнат главечки, бидејќи се сметаше себеси за недостоен да умре како неговиот Господ. Така се упокои и прими венец на вечна слава великиот слуга на великиот Господ.

Светиот апостол Павле

Родум од Тарс, од племето Венијаминово. Прво се викаше Савле, учеше кај Гамалиил, беше фарисеј и гонител на христијаните. Во христијанската вера беше обратен преку чудо од Самиот Господ, Којшто му се јави на патот за Дамаск. Крстен од апостолот Ананија. Му се даде името Павле и беше приброен кон службата на големите апостоли. Со пламена ревност го проповедаше Евангелието секаде, од границите на Арабија до Шпанија, меѓу Евреите и незнабожците. Го нарекоа апостол на незнабожците. Колку што беа страшни неговите страдања толку беше натчовечко неговото трпење. Низ сите години на неговото проповедање како на тенок конец висеше ден за ден меѓу животот и смртта. Откако сите денови и ноќи ги исполни со страдања за Христа, откако на многубројни места ја устрои Црквата и откако ја достигна таа мера на совршенство што можеше да рече: „не живеам веќе јас, туку Христос живее во мене“, беше убиен со меч во Ри

Наум Охридски Чудотворец Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со ...
03/07/2026

Наум Охридски Чудотворец

Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните. Околу Свети Наум се насобра мноштво монаси од сите страни на Балканот. Беше мудар учител, единствен раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик. Вршеше чуда и за време на животот и после смртта. Неговите чудотворни мошти до ден денес восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки болести, особено од лудило. Се упокои во првата половина на 10 век.

Тропар
Откако се соедини со Христа, си го оставил телото, Науме преблажени; духовно живеејќи, си се грижел да се подвизуваш како апостолите, и за верата го придоби неизбројното мноштво Мизијско. Затоа, со твоите молитви, избави н? од искушенија.

Кондак
Пречесниот спомен на твоите светли подвизи е како големо сонце кое свети, просветлувајќи ги сите оние што те слават тебе, бидејќи изгонува секаква болест и бесови. Поради тоа, собрани, со љубов верно да го прославиме.

Светиот цар Константин и Светата царица ЕленаРодители на Константин му беа царот Констанциј Флор и царицата Елена. Флор ...
02/06/2026

Светиот цар Константин и Светата царица Елена
Родители на Константин му беа царот Констанциј Флор и царицата Елена. Флор имаше уште деца и други жени, но од Елена го имаше само овој Константин. Три големи борби имаше Константин кога се зацари: една против Максенциј, тиранин во Рим, друга против Скитите на Дунав и трета против Византинците. Пред борбата со Максенциј, кога Константин имаше голема грижа и се сомневаше во својот успех, му се јави сред бел ден блескав крст на небото, сиот закитен со ѕвезди, а на крстот стоеше напишано: „Со ова победувај!“ Восхитен царот нареди да му исковаат голем крст, сличен на тој што му се јави и да го носат пред војската. Со силата на Крстот тој стекна славна победа над бројно надмоќниот непријател. Максенциј се удави во реката Тибар. Веднаш потоа Константин го издаде прочуениот Едикт, во Милано, 313 година, за престанок на гонењата на христијаните. Откако ги победи Византинците, тој изгради прекрасна престолнина на Босфор, којашто оттогаш се нарече Константинопол. Но пред ова Константин западна во тешка проказна болест (лепра). Жреците и лекарите го советуваа да се бања во крв од заклани деца, но тој тоа го одби. Тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Павле и му рекоа да го побара епископот Силвестер, којшто ќе го излечи од страшната болест. Епископот го поучи во христијанската вера и го крсти и проказата исчезна од телото на царот. Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година. Овде се осуди ереста, а се утврди Православието. Благочестивата мајка на царот, Света Елена, ревнуваше усрдно за верата Христова. Таа го посети Ерусалим и го пронајде Чесниот Крст Господов и на Голгота ја изгради црквата на Воскресението и уште многу други цркви по Светата Земја. Во својата осумдесетта година оваа света жена се престави кај Господ, во 327 година. А царот Константин ја надживеа мајка му за десет години и се упокои во својата шеесет и петта година, во 337 година, во градот Никомидија. Неговото тело беше погребано во црквата на Светите апостоли во Цариград.

Слегување на Светиот Дух - Духовден Педесетница - Света Тројца Света Педесетница (гр. πεντεκοστη лат. pentecoste, педесе...
30/05/2026

Слегување на Светиот Дух - Духовден
Педесетница - Света Тројца

Света Педесетница (гр. πεντεκοστη лат. pentecoste, педесетница, педесетти ден): еден од најрадосните и најсветли празници на Православната Црква во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото Воскресение. Овој настан претставува исполнување на старозаветните месијански пророштва.
Педесетницата се нарекува уште и „крај на празниците“, ден преку кој се довршува историјата на Спасението остварено преку Господ Исус Христос токму поради тоа што православното учење како една службите на Месијата го назначува токму крстувањето преку Светиот Дух, односно Негово излевање врз човештвото. Иако Духот делува и пред и по Педесетницата, на овој ден Тој се покажува во Својот ипостас, а сѐ со цел самата историја на Спасението да се направи совршена. На овој ден започнува икономијата на Светиот Дух, Тој е Оној Кој го собира Божјиот народ во телото Христово, односно Црквата.

Свети Јован Златоуст укажува дека на денот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, Синот ги принесува „даровите на помирението“ на Бога на верните, преку Неговата жртва. Помеѓу Синот и Светиот Дух се остварува не само обична размена преку која Синот во залог ја зема нашата природа која истовремено преку Воскресението ја вознесува на небото, туку ни Го праќа и прославениот Христос и Светиот Дух покажувајќи го помирувањето помеѓу нас и Бог Отецот. Слегувањето на Светиот Дух е вистински знак на помирување, како што Неговото допирање било знак за гневот Божји. Свети aпостол Јован Богослов тврди дека Светиот Дух не пребивал на земјата пред Христа, затоа што сѐ уште не можеоле да станува збор за помирување со Бога без Неговата жртва: „А ова го рече за Духот, Кого ќе Го примат оние, кои веруваат во Него; оти Светиот Дух уште не им беше даден, бидејќи Исус уште не беше прославен.“ (Јован 7,39) Поради тоа и самиот Спасител вели дека Неговото Вознесување е потребно за Духот да биде испратен како знак и дар на нашето помирување со Бога преку Неговата жртва: „Но Јас вистината ви ја кажувам; подобро е за вас Јас да си отидам, оти, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам.“ (Јован 16,7) Според тоа, Духот сведочи дека сме преку Христос синови Божји по благодет: „Самиот Дух му сведочи на нашиот дух, дека ние сме чеда Божји.“ (Рим 8,16)

Прасликата на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите се согледува во празнувањето на Израилот на Педесетницата: имено, педесет дена по Пасхата, на празникот на Педесетницата, Израилците ја прославувале свеченоста на жетвата. На тој ден, сите доаѓале во Храмот и синагогите, украсени со цвеќа и гранчиња, принесувале благодарствени жртви за добрата жетва. Со време, Педесетницата станала и спомен на објавувањето на Божјиот Закон на Синај и склучувањето Сојуз помеѓу Бога и избраниот народ, за кое преданието велело дека се случило педесет дена после ослободувањето од ропство, и излегувањето од Египет, одностно старозаветната Пасха. И Новозаветната врска е очигледна: педесет дена после Таинствената Пасха, Бог Го испраќа Утешителот на својот избран народ.

Педесетницата претставува не само роденден и темел на Црквата, туку и нејзин пример, дека околу апостолите, во заедница, биле присутни и првите христијански ученици и верници. Светиот Дух бил даруван на првата апостолска заедница (Дела 4,31) и преку Него тие биле дарувани со сѐ она што било потребно за христијанскиот организам: проповедањето на Евангелието, Свети тајни, харизма и ѓаконство. Куќата во која тие пребиваат еднодушни одеднаш е преисполнета со шум од небото, сличен на силен ветар, а разделени јазици, како огнени, се спуштаат врз секого од учениците. Од ова тие се исполнуваат со Дух Свети и почнуваат да го благовестат Евангелието на разни јазици, онака како што Светиот Дух им давал да изговараат. За разлика од мистиката на Успението на Пресвета Богородица, на пример, при доаѓањето на славата на Господ и другите одондестрани и чудесни појави кое им се открива како видение на некои од присутните, настаните на Педесетница стануваат очигледни за сите, не само за достојните. За да ги видат, на ерусалимците не им бил неопходен духовниот вид. Значи, зборувањето на сите јазици на кои луѓето од Ерусалим зборувале било едно од чудата кои биле видливи за сите. Свети апостол Петар вдахновено го објаснува настанот и ги упатува на пророштвата за овој настан до Избраниот народ дојдени преку Пророкот Јоил. Благовеста негова допрела до срцата на многубројните луѓе што го слушале и тие го примиле покајанието заради името на Исуса Христа. Во тој ден се крстиле и присоединиле кон Црквата Христова околу три илјади души. Оттогаш наваму Педесетница се смета за роденеден на црквата Божја. Постоењето на Црквата, воспоставување на апостолскиот континуитет и секое дејство на Црквата зависи од повикувањето на Светиот Дух. Црквата својот внатрешен живот го црпи токму од постојаното актуелизирање на Педесетницата и повикувањето на Светиот Дух. Токму затоа Свети Јован Златоуст во неговите дела вели дека „ние можеме да ја прославуваме Педесетницата во секое време“.

Значењето на Педесетницата се состои во тоа што од тогаш Светиот Дух конечно влегува во историјата, во која времето и просторот не постојат без личното присуство, вистинското доаѓање и активното Божјо делување.

Тропар
Глас осми

Благословен си, Христе Боже наш,
Кој премудри риболовците ги покажа,
кога им го испрати Светиот Дух,
и со нив ја улови вселената,
Човекољубецу, слава Ти.

Кондак

Кога слезе, јазиците ги слеа, ги разделуваше народите Вишниот,
кога пак, огнени јазици раздаваше, во единство сите ги повика;
и согласно го славиме Сесветиот Дух.

Address

20 Nyanza Street, Woodridge
Logan Central, QLD
4114

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Macedonian Orthodox Church - Храм Успение Богородично posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Place Of Worship

Send a message to Macedonian Orthodox Church - Храм Успение Богородично:

Shortcuts

Share