06/09/2026
On the Fourteenth Sunday after Pentecost, the Divine Liturgy of Saint John Chrysostom was celebrated at our Church of the Holy Great Martyr Nedela, served by Father Stojancho Janev.
The faithful received the Holy Mysteries of Christ, and today’s Gospel reminded us of the Parable of the Wedding Feast. We are all invited by God to His Kingdom, but we are called to respond with faith, repentance, love and a pure heart.
May we always keep our souls ready for God’s call, remembering the words of our Lord:
“Many are called, but few are chosen.”
(Matthew 22:14)
Through the prayers of the Most Holy Theotokos and all the Saints, Lord Jesus Christ, Son of God, have mercy on us and save us. Amen.
Christ is in our midst.
Четиринаесетта недела по Педесетница беше отслужена Света Златоустова Литургија во нашиот храм „света Великомаченичка Недела". Со светата литургија чинодејствуваше свештенослужителот на нашиот храм отец СтојанчоЈанев. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во денешното евангелско четиво се зборува за свадбената гозба кој ја приготвил царот за својот син и неговите пријатели. Оваа парабола се однесува за целиот човечки род и за секого од нас. Бог се грижи за Своето создание и сака на сите нам да ни биде добро во овој живот Од самото евангелие слушнавме за предупредување, кое се содржи во казната на сите неблагодарни, кои на еден или друг начин се однесувале рамнодушно кон гласниците. Чисто световните пресметки им биле помили од честа да бидат меѓу гостите на свадбената гозба на царскиот син.
Спасителот со Својот божествен збор и во ова наше време нè повикува да се замислиме. Преку парабола, во алегорична форма ни раскажува за Царството Небесно. Обраќајќи им се на присутните во тоа незаборавно време, Исус продолжил: „ Царството небесно прилега на човек цар, кој направи свадба на сина си” (Мат. 22:2). Имајќи приходи и некој имот, царот не штедел ништо за свадбената гозба. Се повикуваат гости кои царот сакал да ги види во своите одаи. Почитуваните биле поканети благовремено известени за претстојната прослава, и царот, преку своите слуги, требало само да ги извести за часот на нивното пристигнување на царската гозба.
Оваа животнат позиција е актуелна и денес, бидејќи ситуацијата е многу слична на нашето време, бидејќи имаме директна покана преку Светата Тајна Крштение за Царството Небесно. За време на крштевањето, свештеникот обиколува околу купелот и пее: „сите, што се крстивте во Христа, во Христа се облековте...” крстителниот стих од посланието на апостол Павле до Галатјаните. Ете ова бил почеток на патот по кој Господ не повикуваа на Небото, на гозбата на верата. Но, точното време, кога ќе се огласи Неговиот повик, ние не го знаеме.
Деновите и годините на човечкиот живот се полни со таги и болести. И овие моменти од животот ни помагаат да не заборавиме дека тука сме привремено. Бидејќи, ако немавме грижи, тешкотии во животот, па дури и чувство на глад, тогаш би можеле да лежиме на креветот и да чекаме Бог да не повика во Царството Небесно. И откако Господ му рекол на Адам: „Со пот од лицето свое ќе јадеш леб, сè дури не се вратиш во земјата, од која си земен; зашто си земја, и во земја ќе се вратиш!” (1. Мој. 3:17), така и ние во пот си го добиваме лебот. И ова пророчко предание се однесува за сите времиња на човечката цивилизација.
Царските слуги со радост отишле кај поканетите, чукајќи во нивните срца, им соопштиле: царот ја приготви вечерата, телињата се добро нахранети и сè што е згоено, е заклано, сè е готово; дојдете на свадбената гозба. Но повиканите, занемарувајќи го тоа, отишле, некој на својата нива, а некој на пазар, по своја трговија. А другите, на кои царските слуги им здосадиле, ги фатиле, ги навредиле и ги убиле. Заради својата добрина, сакајќи поканетите да не ја пропуштат можноста да уживаат во празникот, царот уште еднаш испратил слуги да ги повикаат поканетите на гозбата. Меѓутоа, неблагодарните го повториле своето дрско дело и навредувајќи ги царските гласници, поданиците со тоа ја нанеле најголемата навреда. Кога дознал за ова, царот се налутил, испратил војници, ги истребил убијците и го запалил нивниот град.
И им рекол на своите слуги: „Свадбата е готова, но поканетите не беа достојни. Затоа одете по раскрсниците и, кого ќе го најдете, поканете го на свадба!” (Мт. 22:8-9). А тие слуги, откако излегле по патиштата, собрале сè што можеле да најдат, и зли и добри; и свадбената трпеза се исполнила со гости. Царот, кога влегол да ги види гостите, забележал еден човек, кој не бил облечен во свадбена облека. Каква е оваа свадбена облека? Во тие незаборавни времиња, доаѓајќи во царската палата, слугите го придружувале човекот во посебна просторија, каде што можеле да ја сменат правливата, патничка облека за достојна облека, во која би можеле да се појават пред царот.
Погледнете, вратите на храмот се отворени за сите: и за добрите и за злите. Влезот за Богослужбата е достапен за сите. Само тогаш ќе има праведен суд над добрите и злите. Имаме ли ние таква облека, дали е чиста, да не е осквернета, да не е извалкана со нечистотија од нечисти дела и порочни гревови? Дури и за да се качите во олтарот, треба да совладате три скалила за да станете малку повисоко и поблиску до Бога. Господ нè повикува во храмот за да се исполниме со добрината и вистината Божја, со верата и надежта во Него. Потребно е во текот на нашиот живот да одиме во Црквата Христова, да се очистиме и да ги измиеме нашите души од гревовите. За кога ќе дојде време, да не бидеме во валкана и срамна облека.
Да се потсетиме како Спасителот поучувал во Проповетта на гората: „Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога” (Мт. 5:8). Чистите по срце се оние, кои се отворени и простодушни христијани, тие внимателно ја чуваат во себе љубовта кон Бога и кон ближниот. И царот се обратил кон овој човек, седејќи на гозбата во валкани и искинати алишта, кој не сакал да се промени: „Пријателе, како влезе овде, необлечен во свадбена руба?” Тој немал што да каже во своја одбрана, во оваа тишина се гледала изопаченоста на срцето. Тогаш царот им рекол на слугите: „Врзете му ги рацете и нозете, земете го и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби; зашто, мнозина се повикани, а малцина избрани” (Мт. 22:12-14).
Амин.
По молитвите на Пресвета Владичица Наша Богородица и по молитвите на сите Светии, Господи Исусе Христе Сине Божји, Помилуј не и спаси не сите нас. Амин.
Христос Посреде Нас.