МПЦО „Свети Наум Охридски“ Виена / Makedonisch-Orthodoxen Kirchengemeinde

МПЦО „Свети Наум Охридски“ Виена / Makedonisch-Orthodoxen Kirchengemeinde Македонска Православна Црковна Општина во Виена - Република Австрија🇦🇹

Оваа страница е наменета за означување на месноста на македонскиот православен храм во Виена, посветен во име и чест на Свети Наум Охридски - Чудотворец.

* Овој храм е назначен и осветен со Благослов на Неговото Високопреосвештенство, Миртополитот Европски на МПЦО-ОА, Г. ПИМЕН - на ден Недела 13.Гроздобер/Септември 2009 лето Господово.

* Оваа црковна општина се грижи пред се за духовните потреби

на своите редовни членови и на сите православни верници во Австрија.

* Дополнително на тоа ја негува македонската култура со редовни свои дела, како што се
- прослави (означување на црковни и македонски државни празници)
- собири (крштевки, родендени, Трпеза На Љубовта)
- организација во соодветни одделенија (секции)

и преку соработка со и поддршка на делата на сродни друштва во областа на
- фолклорот (КУД „Македонка“ - Виена)
- спортот (навивачка група „Фаланга“ - Виена)

* Ова црковна општина се финансира исклучиво преку донации во различен облик (парични и предметни донации), од различни страни (верници, пријатели, соседи) и ужива подршка од многу донатори независно од нивната верска или етничка припадност!:
- редовни членови (полноправен член со право на глас и право да биде избран како дел од управата)
- доброволни прилози од верници (свеќи, целивална)
- доброволни прилози на собири од сите присутни (Трпеза На Љубовта, хуманитарни концерти, итн.)
- доброволни прилози за купување, изградба и пре-уредување на црковните простории.

* Нашите врати се отворени за секого кој што доаѓа со добра намера во срцето и сака заедно со нас да ги слави православните празници, кој што сака заедно со нас да се помоли на Бога, кој што сака заедно со нас да ја негува македонската култура, кој што сака заедно со нас да ја изгради и развива македонската општина во Виена и заедно со нас да придонесе за развитокот на македонските општини низ цела Австрија!

Возљубени!☦☦☦🌿🌿🌿Распоред на Богослужбите за Страсната Недела🌿🌿🌿☦☦☦06.04.2026 Велики Понеделник - Литургија на Предходно ...
03/04/2026

Возљубени!

☦☦☦🌿🌿🌿Распоред на Богослужбите за Страсната Недела🌿🌿🌿☦☦☦

06.04.2026 Велики Понеделник - Литургија на Предходно Осветени Дарови со почеток од 09.30 часот

07.04.2026 Велики Вторник - Благовештение Света Божествена Литургија со почеток од 09.30 часот

08.04.2026 Велика Среда - Литургија на Предходно Осветени Дарови со почеток од 09.30 часот

09.04.2026 - Велики Четврток

09.30 ч. Часови, Изобразителна, Вечерна со Василиева Литургија
11.15 ч. Општ Маслосвет

Велики Четврток попладне
18.30 ч. Утрена со 12 Страдални Евангелија (после 5-то Евангелие: Распетие Христово)

10.04.2026 - Велики Петок
09.30 ч. Царски Часови, Изобразителна, Вечерна со Погребение Христово и полагање на светата Плаштаница и мало повечерие

18.30 ч. Утрена со оплакување на Спасителот Господ Исус Христос

11.04.2026 - Велика Сабота
09.30 ч. Часови, Вечерна со Василиева Литургија

23.30 ч. Пасхално повечерие со опход околу храмот и објава на Христовото Воскресение, Воскресна богослужба со Литургија на Св. Јован Златоуст

Воскресение Христово - Велигден (Пасха)

12.04.2026 - Недела
11.00 ч. Вечерна на љубовта со читање на повеќе јазици на Eвангелието
(Напомена - на оваа служба нема да има причест)

13.04.2026 - Светол Понеделник
09.30 ч. Златоустова Литургија

14.04.2026 - Светол Вторник
09.30 ч. Златоустова Литургија

🕊🕊🕊🕊🕊 Ви посакуваме благодатни денови и добро Воскресение! 🕊🕊🕊🕊🕊

Во нашиот храм „Св. Наум Охридски“ се одржа свечен чин на преминување на Хуберт Нефф од римокатоличката во православната...
03/04/2026

Во нашиот храм „Св. Наум Охридски“ се одржа свечен чин на преминување на Хуберт Нефф од римокатоличката во православната вера. Со длабока вера и искрена посветеност, тој го направи овој значаен духовен чекор, прифаќајќи ја православната традиција и начин на живот.
Чинот на крштевање помина во благодатна и возвишена атмосфера, исполнета со молитви, радост и духовна светлина. Кум на крштевањето беше Катерина Гичева, која со љубов и одговорност ја прифати оваа света улога, сведочејќи за новиот почеток во верата на Хуберт.
Овој настан претставува голема духовна радост за нашата заедница, како сведоштво за силата на верата и единството во Христос.

27/03/2026

Благочестиви верници

Во недела, на 29.03.2026 година, ќе се отслужи Света Божествена Литургија со почеток во 09:30 часот.

По завршувањето на Литургијата, во 11:30 часот, ќе биде поставена трпеза на љубовта.

Ве покануваме сите заедно да учествуваме во Светата Литургија, да го исполниме храмот со молитва и вера, а потоа да се собереме на заедничка закуска и братска љубов.

Христос помеѓу нас!

И убаво Воскресение!

По благослов на надлежните Митрополити Г. Пимен и Г. Арсениј, на ден 26.03.2026 година во храмот „Св. Јован Златоуст“ во...
26/03/2026

По благослов на надлежните Митрополити Г. Пимен и Г. Арсениј, на ден 26.03.2026 година во храмот „Св. Јован Златоуст“ во срцето на Виена, при Светата Вселенска Патријаршија, беше отслужена Литургија на Предосветени Дарови.
На ова свето богослужение сослужуваа отец Јован од МПЦ-ОА „Св. Наум Охридски“ од Виена и отец Немања, свештеник при Цариградската Патријаршија во Виена.
„Колку е убаво и мило кога браќата живеат заедно и се разбираат на јазикот на љубовта.“ Верниот народ се причести со Светите Тело и Крв Христови.
Христос е и ќе биде помеѓу нас.

23/03/2026

Со благослов и архипастирска грижа на нашите надлежни архиереи, Неговото Преосвештенство Епископот Г. Пимен и Неговото Преосвештенство Епископот Г. Арсениј, Ве известуваме и срдечно Ве покануваме да земете молитвено учество во заедничкото литургиско собрание.
На ден 26 март 2026 година (четврток), со почеток во 08:00 часот, во светиот храм „Св. Јован Златоуст“, кој се наоѓа на адреса Hafnersteig 8 во Виена, ќе се отслужи Божествена Литургија на Предосветените Дарови, како израз на единството во Христа и љубовта меѓу браќата во служба на Светата Црква.
Со благоговение и духовна радост, на ова свето и спасоносно богослужение ќе сослужуваат чесните свештенослужители: отец Јован од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, при храмот „Св. Наум Охридски“ во Виена, како гостин на отец Немања, свештеник на Цариградската Патријаршија, при храмот посветен на великиот вселенски учител и светител, Св. Јован Златоуст.
Ова заедничко сослужување претставува живо сведоштво за литургиското единство, братската љубов и соборноста на Црквата Христова, повикувајќи нè сите да се собереме „со една уста и едно срце“ да Го прославиме Пресветото Име Божјо.
Го повикуваме сиот благочестив и верен народ да се придружи на ова свето собрание, со страв Божји, вера и љубов да пристапи кон Светата Причест, примајќи ги Телото и Крвта на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, за простување на гревовите и за живот вечен.
Нека оваа света Литургија ни биде духовно укрепување, утеха и благослов, и нека нè обедини во верата, надежта и љубовта кон Бога и кон ближните.

Христос е и ќе биде помеѓу нас!

19/03/2026

☦☦✝️ ВЕЛИГДЕНСКИ ВОДОСВЕТ ✝️☦☦

Почитувани верници, драги браќа и сестри во Христа Бога !!!

Во тек е ВЕЛИГДЕНСКИОТ ВОДОСВЕТ !!!

За таа цел парохискиот свештеник ги посетува домовите на своите верници. Со доаѓањето на свештеникот во куќата и осветувањето на водата, доаѓа Божјата благодат и благослов во вашиот дом, затоа што по осветувањето на водата свештеникот со Светата Вода ја поросува целата куќа, а присутните ги благословува со Светиот Крст, се молиме за здравје, мир, слога, спокој и уште поголеми успеси. Осветувањето на вода по домовите не е некој обичај, туку насушна потреба на сите верници кои чувствуваат потреба повремено да бидат осветени и очистени со попрскувањето на Светата Вода. Водата која се осветува во домовите, во текот на постот од неа може, а и треба да се пие секое утро пред јадење и така да се потроши. Таа всушност се осветува и со таква цел, за големите празници како Божик и Велигден да се дочекаат во осветени домови, ама и со осветена душа (како храм на Светиот Дух), за што користењето на Светата Вода многу придонесува.
Сите кои сакаат домот да им биде благословен можат да се пријавуваат на телефонскиот број +436764438847 и да се јават кај парохискиот свештеник.
.. Посакуваме, мирни, спокојни и со помалку искушенија, добри дела, успешни и благословени пости - о.ЈованТодрвски ...

☦🕊🕊 ХРИСТОС ПОМЕЃУ НАС 🕊🕊☦

06/03/2026

Возљубени!
Недела 08.03.2026 Света Божествена Литургија со почеток од 09.30 часот.
Петок 13.03.2026 Акатист на Пресвета Богородица со почеток од 18.30 часот.
Недела 15.03.2026 Света Божествена Литургија со почеток од 09.30 часот.
Петок 20.03.2026 Акатист на Пресвета Богородица со почеток од 18.30 часот.
Недела 22.03.2026 Света Божествена Литургија со почеток од 09.30 часот.
Петок 27.03.2026 Акатист на Пресвета Богородица со почеток од 18.30 часот.
Недела 29.03.2026 Света Божествена Литургија со почеток од 09.30 часот.
Христос посреди нас!

Почитувани!Петок 27.02.2026 Акатист посветен на Пресвета Богородица со почеток од 18.00 часот.Сабота 28.02.2026  Тодоров...
23/02/2026

Почитувани!
Петок 27.02.2026 Акатист посветен на Пресвета Богородица со почеток од 18.00 часот.
Сабота 28.02.2026 Тодорова Сабота Света Божествена Литургија со почеток од 09.30 часот.
Недела 01.03.2026 Света Божествена Литургија со почеток од 09.30 часот.

Во просториите на Македонската Православна Црковна Општина „Св. Наум Охридски“ во Виена беше одржано редовното Изборно г...
16/02/2026

Во просториите на Македонската Православна Црковна Општина „Св. Наум Охридски“ во Виена беше одржано редовното Изборно годишно собрание на 15.02.2026, кое помина во братска, достоинствена и убава атмосфера.
На ова значајно собрание долгогодишниот претседател Љупчо Домазетовски се откажа од својата функција, оставајќи зад себе години посветена и одговорна работа во служба на црковната општина и нејзините верници. Присутните му изразија благодарност за вложениот труд, љубовта и грижата кон заедницата.
Со мнозинство гласови, членовите на собранието одлучија нашиот штeц и досегашен одборник Илчо Ангелески да биде нов претседател и водач на црковната општина во следните две години. Нека му е честито изборот и од Бога благословено неговото раководење, со мудрост, трпение и успех да ја води нашата заедница напред.
Исто така, нашата црковна општина се збогати со уште шест нови одборници, кои со својата енергија и посветеност ќе придонесат за понатамошен развој и зацврстување на духовниот и заедничкиот живот.
Собранието помина во духот на единство, разбирање и меѓусебна почит, потврдувајќи дека заедно, сплотени во верата и љубовта, можеме да продолжиме да градиме силна и благословена заедница.Амин!

Почитувани!Четврток 12.02.2026 Св.Тројца Архиереи Света Божествена Литургија со почеток од 09.30 часот.Сабота 14.02.2026...
10/02/2026

Почитувани!
Четврток 12.02.2026 Св.Тројца Архиереи
Света Божествена Литургија со почеток од 09.30 часот.
Сабота 14.02.2026 Св.мч.Трифун Задушница
Света Божествена Литургија со почеток од 09.30
По завршување на Светата Литургија ќе се помолиме за нашите починати,секој треба да донесе: Лепче,варена пченица и црно вино.Потоа ќе осветиме вода и ќе го осветиме лозовиот плод.
Недела 15.02.2026 Света Божествена Литургија со почеток од 09.30 часот.

Возљубени!Распоред на Богослужбите за претстојните празници!Недела 04.01.2026 Света Божествена Литургија со почеток од 0...
30/12/2025

Возљубени!

Распоред на Богослужбите за претстојните празници!

Недела 04.01.2026 Света Божествена Литургија со почеток од 09.30 часот.
Недела 04.01.2026 Празнична вечерна Боголужба со почеток од 18.00 часот,посветена на Св.Наум Охридски-Храмова Слава.

Понеделник 05.01.2026 Св.Наум Охридски- Света Божествена Литургија со почеток од 09.30 часот.

Понеделник 05.01.2026 Благословена трпеза на љубовта со почеток од 18.00 часот на која ќе се избере нов кум за следната година.

Вторник 06.01.2026 Бадник-Света Божествена Литургија со почеток од 09.30 часот.На овој ден ќе ги осветиме Бадниковите гранчиња,за најмалите дечиња ќе поделиме Божќни пакетчиња и ќе ја слушнеме од самите нив Божиќната песна Вечниот Бог.Црквата ќе биде отворена од 09.00 часот па се до 15.00 часот.

Среда 07.01.2026 Рождество Христово - Божиќ Света Божествена Литургија со почеток од 09.30 часот.
Цркавта ќе биде отворена од 08.30 па се до 17.00 часот.

Четврток 08.01.2026 Собор на Пресвета Богородица - Света Божествена Литургија со почеток од 09.30 часот.

Петок 09.01.2026 Св.првомаченик и архиѓакон Стефан - Света Божествена Литургија со почеток од 09.30 часот.

Христос се роди!

Adresse

Siemensstrasse 26
Floridsdorf
1210

Öffnungszeiten

Freitag 19:00 - 21:00
Sonntag 08:30 - 15:00

Telefon

+436764438847

Benachrichtigungen

Lassen Sie sich von uns eine E-Mail senden und seien Sie der erste der Neuigkeiten und Aktionen von МПЦО „Свети Наум Охридски“ Виена / Makedonisch-Orthodoxen Kirchengemeinde erfährt. Ihre E-Mail-Adresse wird nicht für andere Zwecke verwendet und Sie können sich jederzeit abmelden.

Teilen