MPCO Sveti Georgij LIttlehampton

MPCO Sveti Georgij LIttlehampton Macedonian Orthodox Church-Littlehampton

17/08/2026
Недела шеста по Педесетница во слава и чест на св Апостоли Петар и Павле и останатите св Апостоли во храмот посветен на ...
16/07/2026

Недела шеста по Педесетница во слава и чест на св Апостоли Петар и Павле и останатите св Апостоли во храмот посветен на св Катерина Египедска во Литлхамптон се Богослужеше света литургија за сите и за се. По молитвите на светите првопрестолни Апостоли Господ да ни дарува во се изобилство за спасение.

По светата Литургија за прв пат по возобновувањето на нашата Црковна Општина св Ѓорѓи Победоносец беше извршен чинот на света тајна Крштение на чедото Божије Максим Димов од страна на нашиот парохиски свештеник протојереј Виктор Стојчев. Нека му е вечно името на Максим и да се удостои со честит Православен живот. Во иднина како Црковен одбор се надеваме на многу вакви радости бидејќи затоа постоиме како Црковна Општина. Како Црковен Одбор заедно со нашиот парохиски свештеник сме подготвени да одговориме во целост на сите оние кои ќе притекнат во закрилата на нашата Црковна заедница.
Бог посреди нас.

Денес кога Црквта Божја го слави својот роденден Педесетница-Духовден во  нашата МПЦО св Ѓорѓи Победонсец,се служеше све...
31/05/2026

Денес кога Црквта Божја го слави својот роденден Педесетница-Духовден во нашата МПЦО св Ѓорѓи Победонсец,се служеше света Литургија и верниот народ се причести со светите тајни Господово.

По Литургијата коленопоклоно со голема Богобојазливост се помоливме за призив на св Дух а на крајот нашиот парохиски свештеник протојереј Виктор Стојчев отслужи општ Парастос/Задушница за сите наши починати родни и пријатели.

Нека светиот Дух биде со нас постојано сега, секогаш и до крајот на вековите.

Со почит ЦУО при МПЦО Св Ѓеорѓиј Победоносец- Литлхамптон

🇲🇰МПЦ - ОА / 🇪🇺ЕЕ           Рамноапостолни                ✞ Свети Методиј и Кирил  Родени браќа родум од Солун, од углед...
24/05/2026

🇲🇰МПЦ - ОА / 🇪🇺ЕЕ

Рамноапостолни
✞ Свети Методиј и Кирил

Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин). Но кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски. На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.

🔹Тропар:
Богомудри Кирил и Меотидј, еднакви по дух со апостолите и учители на словенските земји, Владиката на сите молете Го, словенските народи да ги утврди во Православието и едномисленоста, да го смири светот и да ги спаси нашите души.

▪️Кондак:
Почит да оддадеме на свештената двојка наши просветители, кои со преводот на Божествените Писма ни го дадоа изворот на Богопознание; црпејќи од него до денес неисцрпно, ве славиме вас, Кириле и Методие, кои стоите пред престолот на Севишниот и топло се молите за душите наши.

🇲🇰МПЦ - ОА / 🇪🇺ЕЕ                  ✞ Вознесение Христово – Спасовден Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го ост...
21/05/2026

🇲🇰МПЦ - ОА / 🇪🇺ЕЕ

✞ Вознесение Христово – Спасовден

Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната страна на Отецот. Одењето кај Отецот е чин јавен: се случува пред очите на апостолите. Христос се подига во воздухот и облак Го подзема носејќи Го на небото. Последните пораки што им ги дава се подготовки за Педесетницата. Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот, за кое сте слушале од Мене! Зашто Јован крштеваше со вода, а вие не по многу дни од денес, ќе бидете крстени со Светиот Дух. А тие, кога се собраа, Го прашаа велејќи: Во ова време ли го востановуваш, Господи, царството Израилево? И Он им одговори: Не е ваше да ги знаете времињата или годините, што Отецот ги задржал во Своја власт; но ќе примите сила, кога врз вас ќе слезе Светиот Дух; и ќе Ми бидете сведоци и во цела Јудеја и Самарија, и дури до крајот на земјата (Дела 1, 4 - 8 ). И веднаш, додека гледаа како се крева на небото, двајца мажи во бела облека, всушност ангели, благовестеа за Второто доаѓање на Христос на земјата. Наспроти упатството да не умуваат околу времињата на овие настани, кои се во Божја власт, во првите години па и векови по Вознесението, христијаните очекуваа самите да бидат очевидци на земјата на славната Парусија Господова.

🔹Тропар
Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со благословот си ги уверил дека Ти си Синот Божји, Избавителот на светот.

🔹Кондак
Откако ја исполни промислата за наша полза, и земното го соедини со небесното, се вознесе во слава, Христе Боже наш, без да се разделиш од нас, но останувајќи секогаш со нас, и повикувајќи им на оние што Те љубат: Јас сум (секогаш) со вас, и никој ништо против вас не може.

Честит именден и среќна слава на сите кои слават!

Христос се вознесе!

Address

44 Beach Road
Littlehampton
BN175JH

Telephone

+447818071080

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when MPCO Sveti Georgij LIttlehampton posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Place Of Worship

Send a message to MPCO Sveti Georgij LIttlehampton:

Shortcuts

Share