23/02/2023
Послание за Светиот и Велик Пост - Четириесетница
По Божја Милост
+ Серафим
Митрополит австралиско ново-заландски, Архиепископ аделаидски и Екзар
Возљубени свештенослужители и верни чеда Божји,
Светата Четириесетница или позната како Свет и Голем Пост пред празникот на празниците Христовото Воскресение нѐ повикува кон откажување од нашите земни похоти, страсти и слабости поради заболентата наша човечка природа. Бог го содал човекот да живее заедно со Бога, па така никогаш да не е отсечен од таа Божја Благодат. Но сепак како што ние е познато дека Адам преку Ева кој се предал на земните страсти, храната и лагата на луквиот, поради тоа, тој бил протеран од таа убавина што Бог ја приготвил. Потоа и генерации и генерации се до недоаѓањето на нашиот Господ, Бог и Спасител Исус Христос. Па дури и за жал, ние преку него сме ја вкусиле и човечката смрт што денес многумина од нас трепереме и се плашиме од неа. Но сепак, преку Христовото страдање, Распетие, пограбување, воскресение и Вознесување, човекот пак ја стекнал таа рајска убавина. Но затоа ни треба подготовка и духвна и телесна труд. Томку така Светите Отци го воспоставиле овој велик пост како духовна терапија на нашата болна душа како еден вид на духовно лекарство што е полезно за нас. Какошто Адама не ја послуша првата заповед за постот од Бога кога беше во Рајот, па се одал на непослушност, лакомост и самоуверие и ние во нашите земни животи често им служиме на тие истите, а кои за жал се гнасотија за нашата душа и предизвикуваат разболување на истата. Па затоа, Бог прави сѐ и го љуби човекот да се врати кон вистинскиот пат, а не да залута таму кадешто лукавиот е во контрола со него. За некој од нас постот е самоси некој обичај што сме го стекнале од нашите предци и за жал имаме многу малку познавање. Постот не е обичај, туку духовен инструмент за нашата душа да се прочисти и да се обожиме наново. Бидејќи нашата природа од не послушност се разболе, прво преку храната. Значи, Божјото обожување е блискоската со нашиот Бог, а без послушност и трпение, нема спасение. Постот не е нешто индивидуално, туку е послушание кој само со благослов од свештено лице се одпочнува и завршува. За жал многу од нас, си правиме наши закони во врска со постот како што решаваме колку ќе постиме, како ќе постиме и до кога. И не само тоа, туку некој од нас само постат телесно а без никаков духовен труд. Попусто е тоа тогаш, кога човечката душа ќе остане празна и пуста наново. Тоа не е послушание туку самоуверие, како еден вид на Егоизм. Многумина од нас патат од тоа во нивните животи. Токму Светиот Јован Златоуст вели да не постиме само со устата наша ами исто така со окото, увото, стапалата, раците и со сите делови на нашето тело. Значи, не само што ни влегува во нашата уста, туку што произлегува од самите нас преку збор, дело, однесување, третирање на луѓето околу нас, воочување или пак сваќање. Па затоа треба целосна да сме подготвиме и да се оддаме на овој духовен и телесен процес за да жнееме од неговите блогодетти. Побарајте прошка од луѓето околу вас и свет благослов! Кога ќе пристапиме кон Светта Христова Крв и свето Тело којашто е во Светиот Путир, да сме барам малку сигурни дека сме подготвени за нашиот Спасител да влези во нас. Нашата душа да е негов чист дом, сепак се разбира, само по Божја милост тоа да го направиме бидејќи ние е неумее како тоа Богоугодно да го сториме.
Нека Великиот и Свет Пост биде од Бога Благословен, возљубени свештенослужители и чеда Божји и нашата подготовка да биде достојна кон нашето општење со Бога.
Ваш, и недостоен архиереј Христов,
+ Митрополит австралиско - новозеландски СЕРАФИМ